За оние кои не се запознаени со проектот, го започна Google (продолжи Alphabet) во 2014 година со цел да обезбеди интернет пристап за рурални средини со слаба или никаква интернет конекција. Овој дрон кој целосно е напојуван од соларна енергија може долг временски период да лета на огромни височини. Оригиналната идеа е на Titan Aerospace.

Сепак според Business Insider, овој проект е дојден до самиот крај. Имено Alphabet ги прекинува истражувањата за соларни дронови. Според нив овој проект завршил пред една година. Од друга страна, Alphabet ја стави на продажба и Boston Dynamics – компанијата за производство на роботи. Истовремено најави дека е во преговори да го продаде сателитскиот бизнис. Многу од главните инженери во компанијата поднесуваат оставки.

Проектот Loon кој што е дело на Google и се базира на добивање интернет од балони за временска прогноза, останува „жив“. Овој проект во споредба со соларните дронови е економски поисплатлив и ветува повеќе за во иднина. Се шпекулира дека производството на соларни дронови наишло на технички проблеми, но не е тешко да се претпостави дека финансискиот дел е главната причина за неговиот опстанок.

Идеата за соларни дронови беше презентирана првично од страна на Facebook, кој што го има нивниот Aquila проект за соларни дронови. Facebook му беше конкурент на Google за купувањето на Titan Aerospace. Сепак и оваа компанија има проблеми со технологијата на дроновите, особено одкако се урна еден од нив во јуни минатата година.

Извор: The Verge, BreakingNews

Претходна статијаSamsung и LG ќе лансираат смартфони со свитлив дисплеј во втората половина на 2017
Следна статијаApple со план да го освојат Холивуд