Screen_Shot_2015_11_25_at_10

Ни изгледа дека повеќето луѓе немаат точно претстава до каде сме стигнале со развитокот во вештачката интелигенција и нејзините можности. Ние често пренесуваме вести за нејзината способност да црта, да здиплува облека, како и опасностите од нејзиниот развиток без контрола и интеграција со луѓето.

Сепак, изгледа дека таа останува некоја „сива“ зона за која генералната публика не знае што се случува и што е способна да постигне. Затоа на некои можеби ќе им дојде како шок ова што ќе го видат сега.

Се работи за алгоритамски систем развиен од научници од Stanford и Google кој бил искористен од уметникот и програмер Кајл Мекдоналд. Тој го преиначил системот да препознава што има на сликата и да го пишува тоа на екранот.

Потоа Кајл решил да се прошета низ Амстердам, а снимката да ја пушти на алгоритмот. Видеото покажува како алгоритмот препознава што има на екранот во реално време, па дури и се поправа кога (мисли дека) згрешил нешто. Дел од проценките му се смешно-утнати, но дел се бизарно точни, како на пример, „брод во вода“ или „човек кој држи телефон“ за снимателот (Кајл Мекдоналд).

Интересното е што алгоритмот е толку брз и способен што може во реално време да препознае што гледа. Можеме само да замислиме како ќе работи кога ќе стане подобар во искористување на ресурсите, но и кога истите тие (процесорска моќ, брзина на меморија при запишување и повикување на податоци) ќе се подобрат.

Машините доаѓаат, време е да се подготвиме за нив и да ги интегрираме во нас инаку може да ни се налутат и да го означат нашиот крај. Воедно, некако чувствувам дека нема да им се допадне терминот „вештачка интелигенција“, затоа често го користам „синтетичка интелигенција“.

Исто така, можеме само да замислиме како ваквата технологија може да им се најде на властите кои што само бараат начини на откривање на криминалци, но и следење на обичните луѓе.

Извор: The Verge, PopularMechanics

Претходна статија5G стандардот треба да биде одреден до 2020
Следна статијаAftershock Titan е мега моќен гејмерски лаптоп со десктоп компоненти