140924101456-aerion-clouds-horizontal-large-gallery

Веројатно сите го паметиме Конкорд, авионот на Aérospatiale и Британската авионска корпорација, кој беше суперсоничен и кој ги поминуваше растојанијата за половина време од другите авиони. По страшната несреќна во 2000 г. кога загинаа 117 луѓе, во спој со срушувањето на Кулите Близначки во 2001  г. во САД и одбивањето на Airbus (наследникот на Aérospatiale) да ги сервисира, Конкордите беа повлечени од употреба во 2003 година.

Сега Airbus работи на нов суперсоничен авион, Aerion AS2, кој треба да ги нема недостатоците на Конкорд, па дури и да има неколку подобрувања. Најзначајното подобрување е секако, брзината. Имено, новиот авион треба да има максимална брзина од дури 4 маха! Тоа значи дека ќе може да постигнува брзини 4 пати поголеми од брзината на звукот, која пак е околу 340 метри во секунда – или, преведено, авионот ќе има максимална брзина од околу 4180 километри на час!

Неговиот дизајн не е сличен на Конкордот, па така го нема карактеристичниот надолу свиткан нос, туку изгледа како стандарден авион. Идејата е овој авион да држи до 20 патници, што значи дека дефинитивно ќе биде наменет за суперултра висока класа на патници (милијардери). Патувањето од Лондон до Њујорк ќе земе време помалку од еден час, а обиколувањето на Екваторот (околу 40 илјади километри) на максимална брзина ќе земе околу 30 часа лет.

Од Airbus напорно работат на управување со соничниот бум – громогласниот звук кој се јавува кога објект се доближува и ја надминува брзината на звукот, и кој делува негативно и врз авионот и патниците, и врз популацијата доле на земјата ако стигне до нив. Првите тест летови се очекува да се направат во 2019 година.

Извор: CNN, CNTraveler

 

Претходна статијаTesla S е возможно, но прилично тешко, да се хакне
Следна статијаИстражувачите развија нов метод за 3Д курсори