4-tablet

Ако сакате во вашиот дом да си обезбедите нов телевизор со 4К технологија, прво би било подобро да погледнете некои новитети и иновации на кои се работи со оваа технологија. Освен понудата на телевизори, како што напишавме во претходната статија, или како што може да се види на CES2014 настанот, интересна презентација на оваа технологија има и од други видови на производители и провајдери.

Едно вакво решение е првиот 4К таблет од страна на Panasonic. Овој таблет е со големина од 20 инчи има Intel Core i5 vPro процесор, 256 GB SSD, 8GB RAM, 2GB VRAM, 720p предна камера и Windows 8.1 Pro OS. Продажбата започнува овој месец во Соединетите Американски Држави по цена од 6000 долари.

http://www.panasonic.com/business/toughpad/us/4k-tablet.asp.

Актуелноста на оваа технологија го покажува и примерот на сервисот за споделување на видеа YouTube. На саемот за иновации CES (http://www.cesweb.org/) кој се одржува од 7 до 10 јануари во Лас Вегас, YouTube презентира 4К стриминг технологија користејќи VP9 кодек, наместо стандардниот H.265 комерцијален кодек кој повеќето производители веќе го користат. Овој кодек користи околу половина од податоците за кои H.265 има потреба па затоа би немало проблем при стриминг, застанување или кочење на web страната.

youtube-4k

Друга интересна информација доаѓа од Netflix (американски провајдер за интернет стриминг). Нивната најава е дека ќе започнат со 4К Ултра HD стриминг со премиерата на новата сезона на серијата House of Cards.

Така што, ако сакате да купите 4К тв најпрво може да ги погледнете овие презентации кои можеби ќе ве привлечат за користење на оваа најнова технологија.

Претходна статија4K технологија достапна за секого
Следна статијаMETA нов паметен часовник од MetaWatch