Vodafone и Nokia најавуваат дека првото целосно приватно слетување на Месечината ќе го реализираат PTScientists – здружение од Германија. PTScientists, или поточно Part-time scientists претставува организација на волонтери-истражувачи и инженери. Vodafone Germany го назначи Nokia како свој технолошки партнер за развој на соодветна мрежа, а лансирањето на предавателите на Nokia ќе биде овозможено со ракетите на SpaceX – компанијата на Елон Маск.

Лансирањето ќе се случи во 2019 година, од воздушната база Cape Canaveral во Флорида, САД. Ова ќе се случи 50 години откако првите астронаути на НАСА чекореа на месечевата површина. Оваа мрежа би тежела помалку од еден килограм – речиси колку вреќа полна шеќер.

Воведувањето на 4G мрежата се прави со надеж дека токму ваквата инфраструктура го претставува првиот чекор кон градење комуникациска инфраструктура за идни мисии на Месечината.

Обезбедениот сигнал за 4G на Месечината ќе има капацитет за HD пренос во живо од месечевата површина. Истото ќе биде овозможено со поврзување на две возила за лунарно истражување, приспособени за меѓусебна комуникација, како и комуникација со базната станица. Притоа, тие внимателно би го проучувале лунарното возило на НАСА. Ова возило последен пат е користено во 1972 година.

Тестирањето на Vodafone покажува дека базната станица се планира да емитува 4G со помош на фреквенцискиот опсег од 1800 MHz. Со неа ќе се испрати првиот HD пренос за глобалната публика. Соодветниот линк ќе биде поврзан со серверот на PTScientists во Центарот за контрола во Берлин.

“Ова претставува клучен чекор за одржливо истражување на сончевиот систем. За да може човештвото да ја напушти лулката на Земјата, треба да развиеме инфраструктура надвор од нашата планета. Најдоброто нешто во врска со нашето решение е што заштедува толку многу енергија, а колку помалку енергија се користи, толку повеќе ќе можеме да се посветиме на науката!” – вели Роберт Бехме, основачот на PTScientists.

Претходна статијаApple освојува со нови хардвер продукти на пазарот
Следна статијаМорничавата моќ на вештачката интелигенција