Woman looks up on light bulb

Woman looks up on light bulb

Идеите се основа на се’. Без оглед дали зборуваме за проект, бизнис или генерално како да се потроши времето на нешто. Дури и кога станува збор за обично пишување пост – прво се дефинира тема, а потоа се креира постот. Како студент на компјутерски науки и инженерство, во моите постови ќе коментирам повеќе во контекст на стартапи во вид на софтвер и хардвер. Тоа е бидејќи таму имам свое лично искуство и искуства собрани од мои блиски луѓе. За да бидете во тек во темата, навратете се на темите за стартап, фидбек и сл. за кои пишував во претходните колумни.

Не познавам  човек кој бар еднаш не се соочил со проблемот на наоѓање на нешто добро на кое би се работело. Ова е особено важно ако зборуваме за идеја која треба да биде финансиски рентабилна. Оттука се наметнуваат прашањата:

  • Како да се дојде до неа?
  • На кој начин таа се спроведува?
  • Како да се влезе во креативниот процес во смислување на нешто ново или дефинирање на решение за некаков проблем?
  • Каква стратегија треба да имаме за да дојдеме до идеи кои функционираат, кои поместуваат и кои се убедливи?

Доколку сте без инспирација, има неколку начини во прилог, а вие изберете каде ќе се пронајдете најмногу.

Одмор и фокусирање. Прво oслободете ги мислите и обидете се да се релаксирате. Медитирајте. Разбистрете го умот, а потоа направете самоевалуација на себе и на изминатиот ден. Чувајте нотес кој ќе го носите со себе за да запишете се’ на што ќе се сетите:

  • Што ве мачело во текот на денот?
  • Каде потрошивте повеќе, а можевте да поминете поефтино?
  • Каде можевте да заштедите време, а потенцијално можевте да го избегнете тоа?

giphy

Набљудувајте. Проблеми има насекаде. Прошетајте на улица и разгледајте како се однесуваат луѓето – што им пречи, што им создава проблеми? Обични работи од секојдневието можат да бидат огромна инспирација за дефинирање на идеја на која би можело да и’ се посвети време.

Шолја кафе и дружба со луѓе. Секогаш ги сакам разговорите со пријателите. Тоа е затоа што овозможуваат да слушнеш за нови искуства и настани кои самите не сме ги проживеале, а се добар “компас” за во иднина и одлично место за инспирација. Дури и разговорите со рандом луѓе додека чекате автобус или фаќате превоз до работа можат да се покажат како многу корисни.

Блогирање. Кога бев помала ги сакав блоговите на блогерај.мк и слични места за кои читав во “Наш Свет”. Сега инспирација собирам од Medium.com. Таму читам размислувања од експерти кои редовно постираат за актуелните теми и нивни  решенија за постоечки проекти. Покрај ова, коментарите и дискусиите за апликациите на Google Playstore, како и презентациите и постовите на SlideShare и LinkedIn може да бидат супер избор за нови идеи и креативни решенија.

giphy-1

Истражувања. ResearchGate е база на знаење каде научниците од целиот свет ги постираат своите научни трудови. Дополнително, се дискутира и се бара помош на различни теми, па може да биде убаво место за инспирација.

Следете ја нашата едукативна серија постови ВремеЕЗаСтартап и натаму, ќе има интерсни постови во иднина.

Што мислите вие на оваа тема? Пишете ни во коментар :)

 

Претходна статијаПрезентации на стартапи пред инвеститори – успешен крај на пред – акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор
Следна статијаIT4charity – Хуманитарен настан организиран од ИТ секторот во Македонија