QLED, технологијата по која станаа познати телевизорите од Samsung, ја објаснивме во претходните неколку статии. Истата е унапредување на постојната LED технологија, односно Samsung не ја менува суштински, туку ја засилува со додавањето на посебниот слој со Quantum Dot честички.

Во основа, оваа технологија овозможува голема светлина на екранот, а најмногу доаѓаат до израз боите благодарение на Quantum Dot технологијата. Тоа ги прави телевизорите од Samsung едни од најдобрите за гледање на секаква содржина, а посебно за корисниците кои често гледаат во светла просторија и јачината на екранот е важен фактор.

Единствена технологија која и конкурира на QLED технологијата е OLED, па зависно со кого разговарате, како и за повеќето други работи, ќе заземе страна за тоа која од овие две технологии е супериорна. Ни за да ви го олесниме изборот и разбирањето на овие две технологии, направивме и споредба која можете да ја погледнете тука.

Samsung како бренд којшто е присутен на нашиот пазар, овозможува поголем избор на телевизори кои работат на QLED технологијата. Како и обично, изборот не е баш лесен, па иако сега знаете кое е значењето на оваа технологија и се решивте да купите телевизор со истата, односно Samsung телевизор, на ред доаѓа решавањето помеѓу достапните модели.

Ние во оваа статија би сакале да ги издвоиме достапните модели кои според нас вреди да се купат, а ќе ги поделиме во неколку категории, односно за неколку „тежини“ на паричникот.

На прво месо би го издвоиле QE65Q8 кој доаѓа со заоблен екран. До сега немаме сретнато некој којшто поседува ваков телевизор за да ни го пренесе искуството, меѓутоа веруваме дека кога се работи за човек што сам гледа филмови и серии, ова е изборот.

Заобленоста на екранот овозможува да боите кои и така се предност на QLED телевизорите, дојдат уште повеќе до израз. Тоа е така поради тоа што сите пиксели на екранот се перфектно насочени кон централното место на гледање, па нема ниту еден пиксел чија светлина директно не се гледа, во најдоброто можно издание.

Инаку се работи за паметен телевизори со големина на екранот од 65 инчи и резолуција од 3840×2160, односно 4К.

Цената на овој телевизор се движи околу 160.000 денари, па доколку тоа е премногу за вас, а сепак би сакале ваков заоблен телевизор, тука е QE55Q7 чија што цена веќе влегува во некоја поприфатлива граница од околу 90.000 денари. Се работи за исто така 4К паметен телевизор со резолуција од 3840×2160 пиксели.

Од „обичните“ телевизори, односно тие без заоблен екран би го препорачале QE55Q6. Истиот се продава по цена од околу 90.000 денари и слободно може да се каже дека корисниците ќе добијат телевизор со одлична слика, а за цена која сепак не влегува во границата на прескапите OLED телевизори.

Не треба да напоменуваме дека сите телевизори се Smart TV, доаѓаат со можност за поврзување со кабел и Wi-Fi на интернет, вклучуваат апликации, како и доаѓаат со сите потребни HDMI порти.

Претходна статијаDaredevil: Најдобрата Марвел серија
Следна статијаМакедонски Телеком учествуваше на првата македонска конференција за електронска трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.