Многу често знаеме да занемариме доста битни работи при составување на десктоп компјутер. Се случува да биде склопен цел компјутер, а да се заборави металната решетка за задниот I/O што доведува дуплирање на работата.

Протокот на воздух е една од клучните причини кога станува збор за составување на компјутер, негова долготрајност, тивка работа и намалување на прашината која се наталожува со тек на време.

Повеќето од компонентите на компјутерот се ладат пасивно, односно преку протокот на воздух кој го има вашето куќиште. Металните делови што се видливи на матичната плоча се всушност ладилници кои качуваат температура при работа поради регулирање на протокот на струја. Се повеќе рам мемории доаѓаат со пасивни ладилници кои исто така до одреден степен ги оддржуваат мемориите на пониска температура.

Кулерите на процесорите и на графичките карти се активно ладени т.е. имаат свои вентилатори, но со недоволен проток на воздух не се искористуваат максимално.

Најосновниот метод за поставување на вентилатори на куќиште е еден да биде поставен на предниот дел кој ќе внесува свеж воздух и еден да биде поставен на задниот дел на куќиштето кој ќе го издувува топлиот воздух кој настанува од скоро сите компоненти кои се во куќиштето.

Одредени куќишта имаат можност за поставување на два вентилатори на предниот дел кои би внеле поголема количина на свеж воздух. Ако имате два вентилатори напред и еден на задниот дел веќе имате позитивен проток на воздух кој задниот вентилатор неможе да постигне да го отстрани и мора да излегува од остантите отвори од куќиштето.

Позитивниот проток на воздух е добар ако сакате да го одржите куќиштето чисто. Постојат уште два типа на проток на воздух од кој еден е негативен и другиот е неутрален.

Негативниот проток на воздух знае да биде проблематичен во поглет на прашината. Ако позитивниот проток го издувува низ отворите на куќиштето воздухот кој неможе да постигне задниот вентилатор да го острани, негативниот го вшмукува со тоа и доплнителна прашина се внесува во компјутерот.

Неутралниот проток на воздух можеби и е најоптималното решение каде воздухот е добро насочен и може да ги одржува сите компоненти на удобна температура без да биде многу гласен компјутерот и со еднаква распространетост.

Постојат конфигурации кои имаат и до шест вентилатори кои се наместени за оптимално ладење на компонентите и поради големиот број немаат потреба од поголеми вртежи што придонесуваат за тивка работа.

Еден вентилатор на предниот дел и еден на задниот дел од куќиштето е доволно за скоро секој компјутер да работи на пониска температура и да го продолжи векот на компонентите.

Претходна статијаBlackBerry Aurora е смартфон со просечни перформанси и недоволно ниска цена
Следна статијаMotorola случајно го покажа новиот Moto Z – ќе има „џојстик модул“