Во претходен пост аргументиравме дека во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането, и зошто мислиме дека купувањето биткоини е легално, односно не е забрането. Сепак, поради се’ уште неповолна клима за криптовалутите кај нас (најверојатно, пред се, од конзервативни причини – да не се залетува народ премногу во scams кои реално постојат во овој нов frontier), препорачливо е при купувањето на крипто да не оставате траг во финансискиот систем.

Како да го сторите тоа?

Прво мала дигресија. Биткоин НЕ Е „целосно анонимен“ монетарен систем. Впрочем, блокчеинот е јавна, целосно транспарентна датабаза на која се гледаат сите трансакции – и адресите на „новчаниците“ од кои се вршат трансакциите. Секако, не се гледа кој стои позади овие адреси, иако службите во поразвиените земји имаат развиено начини како да го откријат идентитетот на луѓето кои вршат трансакции. Како и да е, она што е битно за нас е се задржи анонимноста колку што е возможно повеќе (а да не се излегува од рамките на законите). Секој има право на приватност!

Privacy 101 налага два пристапи – едниот е да се внимава како се купува/продава биткоини, а другиот да се внимава како/каде се чуваат криптовалутите.

  1. Купопродажба на крипто

Најдобрата препорака и можност е да купувате/продавате крипто „лице во лице“ во кеш. Едната опција е да пробате со користење на контактите и „огласите“ на ФБ групата „Криптовалути Македонија“. Постојано има некој што погласува крипто.

Друга исто добра опција е пробате да најдете купувач/продавач на LocalBitcoins.com.  Се што треба да знаете за користење на LocalBitcoins може да прочитате тука.

Ако имате дополнителни совети, споделете ги во коментар.

  1. Чување на крипто

Веднаш треба да се напомене дека не е најпаметно да се чуваат криптовалутите на сметки/адреси на фирми чија примарна намена не е безбедноста на вашите депонирани средства (пр. Coinbase или слични криптоберзи). Ова е препорачливо и од безбедносен аспект, но и од аспект на приватност. Наједноставниот начин е да си отворите свој крипто „новчаник“ (еден вид на банкарска сметка до која само вие имате пристап и никој друг) и паметно да ја чувате лозинката (особено seed-от, мастер фразата со која може да си повратите средствата).

За почетниците и луѓе со мали средства, наједноставно е да се симне електронски биткоин новчаник (т.н. Hot-wallets) како што е Electrum, Mycelium, итн. Ова е еден вид на новчаник во џеб – ок за одреден износ и фреквентно купување/продавање, но не би ја чувале вашата животна заштеда. За оние кои се посериозни и повнимателни, hardware новчаници како Ledger Nano S, Trezor и сл. се препораливи безбедни опции.

За privacy 101, тоа е тоа. Имате лесно достапни алатки за да си ја заштитите вашата приватност – користете ги.

Претходна статија25 нови филмски наслови исполнети со врвни холивудски имиња
Следна статијаGoogle Chrome Canary го прикажува новиот дизајн на прелистувачот