Во минатиот пост зборувавме за видови бенефити, а сега е време да се осврнеме на остататите типови бенефити кои преостанаа. Покрај споменатите бенефити во однос на перформанс и физички бенефити, постојат и бенефити во однос на цена, бенефити во однос на животната средина и бенефити во однос на животен век на продуктот. Има потенцијални придобивки секаде каде вашата технологија може да ги намали трошоците при креирањето на продуктот:

  • персонал
  • продукција
  • груби материјали
  • капитал
  • операции
  • комерцијализација

БЕНЕФИТИ ВО ОДНОС НА ЦЕНА

Тие веднаш го привлекуваат купувачот. На пример ако имате софтверска платформа која ќе овозможи да се реупотреби голем дел од веќе искуцан код и да го претвора од еден во друг програмски јазик, тогаш се зачувува доста време при програмирањето на проектите.

Нека вашите внатрешни податоци покажуваат дека за просечен софтверски програм се зачувуваат 20.000 линии код во текот на три месеци. Дали можете да го дефинирате бенефитот во контекст на платата на софтверскиот развивач? Штедењето во однос на цена може и да не биде толку важно како штедењето на време при автоматизирање на одредени интерни процеси.

Изразете ги придобивките во однос на цената на начин да можат да бидат едноставно конвертирани од еден регион во друг. Во нашиот пример со софтверската платформа, подобро е да се изрази бенефитот како процент на платата со текот на времето, отколку да се специфицира точна сума. Тоа произлегува од фактот дека различни развивачи имаат различни плати во различни земји.

БЕНЕФИТИ ВО ОДНОС НА ОКОЛИНАТА

Со зголемувањето на свесноста за животната средина, овие бенефити може да добијат дополнителна вредност. Еве неколку области во кои вашата технологија може да обезбеди придобивки во однос на животната средина:

  • испуштање на јаглерод диоксид
  • емисии на гас
  • менаџмент на хемикалии
  • употреба на сурови материјали
  • трошење на енергија
  • едноставност при рециклирање и сл.

БЕНЕФИТИ ВО ОДНОС НА ЖИВОТЕН ВЕК НА ПРОДУКТОТ

Тука се вклучени придобивките кои даваат вредност наспроти време за купувачот, како на пример поддршка за купувачите. Други примери:

  • барања за одржување
  • барања на сервиси
  • едноставност за имплементација
  • скалабилност
  • едноставност за примена
  • едноставност за производство

Сега, откако ги имате сите листи, проверете ја “јачината” на вашите изјави. Дали нудите бенефити кои се јасни и имаат добра основа? Размислете за тоа што ве придвижува вас да посветите време и енергија на вашата иновација. Која е вашата визија за тоа да ги промените животите на луѓето денес? Дали вашиот производ ги има некои од клучните аспекти наведени погоре?

Доколку не, треба да размислите дали имате јак аргумент во однос на тоа колку добар производ сте креирале. Можеби сепак е време да се пренасочите на нешто друго. Или можеби не? Тоа зависи од тоа колку ги следите модулите :)

Последниот напис можете да го најдете тука.

Претходна статијаПротекоа фотографии од Huawei Watch 2 – ќе биде многу поспортски од претходникот
Следна статијаSony ја лансира најбрзата SD картичка во светот – чита и впишува податоци брзо колку SSD