Како што сигурно знаете, а и 99% од вас веќе сигурно ја користите оваа можност, Facebook овозможува најавување на апликации и веб страни со вашата сметка од друштвената мрежа. Оваа можност ја нуди и Google, како и други компании, а истата е навистина корисна.

Наместо внесување на вашето име, презиме, имејл адреса, па и други информации, со најавувањето со Facebook, информациите стануваат достапни со еден клик.

Тука настанува и потенцијалниот проблем. Има апликации и веб страни кои се што бараат од Facebook да им го даде како информација е вашето име, презиме и имејл адреса и тука нема никаков проблем. Меѓутоа, некои од нив бараат и додатни работи како вашите лајкови, вашата листа со пријатели, а до пред 2014 и истите информации за вашите пријатели.

Токму на овој начин Cambridge Analytica им дојдено до огромната бројка од 87 милиони корисници.

Можеби бришењето на Facebook целосно е премногу драстичен потег, сепак мрежата може и „попаметно“ да се користи, па затоа еве ние само би предложиле проверка на сите апликации и веб страни на кои се имате најавено со вашата Facebook сметка.

По најновиот скандал, процесот на бришење на апликациите и веб страните е многу полесен, односно Facebook сега нуди можност да се селектираат сите кои би сакале да ги избришете и да ги избришете со еден клик групно.

За да дојдете до листата на сите апликации и веб страни со кои се имате најавено преку Facebook, следете ги следните едноставни чекори:

На десктоп

  1. Притиснете на стрелката надолу која се наоѓа на горниот десен дел од сината лента, веднаш до прашалник иконата
  2. На менито кое ќе се отвори притиснете на Settings (претпоследен избор)
  3. На новата страна притиснете на Apps and Websites од изборот на левата страна
  4. На овој дел, на прво место е листата која е наречена Logged in with Facebook
  5. Разгледајте ги сите апликации и би препорачале да ги избришете сите кои не ги користите веќе или не се ни сеќавате кои се.

На мобилен

  1. Притиснете на хамбургер менито, односно копчето со три хоризонтални линии на десниот дел од горната лента
  2. Притиснете на Settings & Privacy, па на Account Settings, а доколку ја немате најновата Facebook апликација, директно на Account Settings
  3. На новото мени притиснете на Apps, па на Logged in with Facebook
  4. Разгледајте ги сите апликации и би препорачале да ги избришете сите кои не ги користите веќе или не се ни сеќавате кои се.
Претходна статијаСендмен: Еден од најдобрите стрипови некогаш напишани
Следна статијаНеколку основни работи кои треба да ги знаете за заштита на вашите лични податоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.