Неодамна Instagram ја претстави новата функција Activity Status која се однесува на делот на direct message. Вашите следачи, однсно само оние кои и вие ги следите, можат да видат кога последен пат сте ја користеле апликацијата. Реакциите во врска со оваа новина беа поделени, што беше за очекување. Па тимот кој стои зад Instagram реши да понуди можност опцијата да биде деактивирана, односно истата можност е достапна од воведувањето на функцијата.

Доколку од некоја причина не сакате да сподлувате кога и колку често сте на Instagram, следете ги овие неколку едноставни чекори:

Најпрво, логично, вклучете ја апликацијата. За да дојдете до менито во кое ви се понудени опциите, најпрво морате да отидете на вашиот профил. Чувствувам дека нема потреба ова да биде подетално објаснето.

За полесно да се снајдете во долгото мени кое ќе се појави пред вас, прескокнете директно кај групирани опции. Оние за кои се нудат само две можности, односно вклучено и исклучено. Она за што ние конкретно зборуваме е именувано Show Activity Status.

На тој начин никој нема да може да има увид во времето кога последен пат сте го користеле Instagram. Важно да се напомене е дека ниту пак вие ќе можете да ги добивате истите информации за оние кои вие ги следите.

Претходна статијаПогледнете го краткиот филм Samsung Galaxy – Our galaxy
Следна статијаУште 3 дена до ексклузивниот настан со Дарко Мирковќ