Минатиот месец Неотел својата понуда ја прошири со понуда и на телевизија, со што ја комплетира дотогашната понуда на сервиси. На корисниците им се достапни повеќе пакети со избор на неколку производи, а истите може да ги погледнете на официјалната страна.
neoTV е IP телевизија која е направена на основа на Android TV со што на корисниците им се овозомжува гледање на каналите преку било кој уред кој е поврзан на интернет. Исто така, уредот којшто доаѓа може да се користи да го направи секој ваш телевизор паметен, односно овозможу дополнителни функции покрај гледање на телевизија, како инсталирање на сите достапни Play Store апликации за телевизорите.
Во продолжение ќе ви прикажеме колку е едноставно да се поврзе neoTV и веднаш да почнете да ги гледате вашите омилени канали. Во наредните видеа ќе ви прикажеме поконкретни работи кои подобро ќе ве запознаат со оваа телевизија и се што можете да направите со неа.