Социјалните мрежи се место каде секојдневно се споделуваат огромен број на фотографии од секакви настани, битни и небитни. Имате луѓе кои споделуваат слики од нивните домашни миленичиња, некои сакаат да сликаат прекрасни пејзажи, зајдисонце и изгрејсонце, плажи, селфиња, имате и такви кои споделуваат дневно по 100 слики од нивните бебиња… Но, има и такви кои сакаат до споделат одлична фотографија, со топ експозиција, одлични бои, контраст, живи бои, едноставно сликата изгледа како да е направена со професионален фотоапарат, но всушност е направена со нивниот iPhone смартфон. Тоа се обично оние корисници кои имаат најголем број на следачи на инстаграм (зборам за оние кои не ги истакнуваат своите облини). Новиот iPhone 7 има извонредна камера, особено iPhone 7 Plus кој има две камери.

Доколку сакате и Вие да се испробате во фотографија, во продолжение ќе Ви претставам неколку додатоци кои ќе Ви помогнат да ја направите совршената фотографија.

  1. Држете го цврсто Вашиот iPhone

Shoulderpod S1 е високо квалитетен држач за iPhone кој што го монтирате на Вашата рака со три функции специјално дизајнирани за фото и видео ентузијасти. Shoulderpod S1 е стабилна и преносна опција за држење на Вашиот iPhone додека правите фотографија или видео. Меѓу другото е компатабилен со повеќе уреди.

Можете да купите за $32.90 на Amazon

  1. Забележете ја разликата

Со Olloclip Core леќата за iPhone 7 ќе го подобрите очигледно квалитетот на веќе одличната камера на iPhone 7. Fisheye, Super-Wide, and Macro 15x леќите се комбинирани во една со што Ви нудат голем избор на опции за фотографија. Изработката и дијазнот се беспрекорни.

Можете да купите за $99.99 на Amazon

  1. Испринтајте веднаш!

Со Prynt куќиштето за iPhone можете да ја испринтате одбраната фотографија за само неколку секунди. Само прикачете го куќиштетето за Вашиот смартфон.

Можете да купите за $149.80 на Amazon

  1. Направете холивудско видео

Zhiyun Z1-Smooth-C е одличен држач со кој ќе можете да снимате одлични видеа кои ќе бидат како да се снимани со професионална видео камера со стабилизатор.

Можете да купите за $199.00 на Amazon

  1. Погледнете го светот во 360 степени

Insta360 Nano е првата камера во светот наменета за снимање на видео во 360 степени и е најмалечката камера која можете да ја монтирате на Вашиот iPhone. Виртуелната реалност има големи бенефиции од оваа камера. Компатабилна е со сите модели на iPhone од 6 па до најновиот iPhone 7 Plus. Резолуција на снимање е 3040×1520 со 30 fps. Има Dual 210 Degree Fisheye леќи. Можете во реално време да споделите 360 степени видео на Facebook и да пренесувате во живо со некоја друга апликација. Апликацијата за Insta360 Nano доаѓа бесплатно и плус VR cardboard кутија.

Можете да купите за $199.00 на Amazon

Претходна статијаУлтра тенките OLED телевизори на LG ќе го истенчат и вашиот паричник – почнуваат од 8.000 долари
Следна статијаПаметни очила можат да фокусираат и за кратковидност и за долговидност истовремено