Иако лаптопите се доста компактни, преносни и ефикасни, десктоп компјутерите остануваат како подобрата опција ако ви се битни перформансите, долготрајноста на компонентите и лесниот начин за надградба на компонентите.

Голем број од корисниците на компјутер користат лаптоп, некои за работа, некои за игри, некои поради ниската цена. Тие не зафаќаат многу простор и се лесни за пренесување, но со тоа доаѓа и голем компромис.

За да бидат толку компактни лаптопите, нивните перформанси се доста намалени. Иако постојат лаптопи со неверојатни перформанси кои се помоќни од повеќето десктоп компјутери, поголемиот број не можат да се споредат со десктоп во истиот ранг на цена.

За да можете да го користите лаптопот на батерија неговите компоненти мора да се доста ефикасни. Постојат процесори од Intel кои имаат потрошувачка од 15w што исто им овозможува на производителите да најдат полесно решение за начинот на ладење.

Кај десктоп компјутерите не мора да правите компромис на струја или ладење, постојат безброј можности каде можете да ставите во доста компактно куќиште процесори од рангот на i7 7700k со сосема солидно ладење кој е помоќен од било кој i7 кој го има во лаптоп конфигурација.

Има доста модели на лаптопи кои доаѓаат со вградена графичка,  односно интегрирана со процесорот што доста ги скратува можностите, но има и модели со дедицирана графичка која е помоќна од интегрираната, сепак доста послаба скоро било која графичка што може да се вгради во десктоп компјутер.

Самото ладење и дотокот на струја ги спречуваат производителите на лаптопи да стават нешто помоќно од основните модели. Иако има модели кои ги користат десктоп верзиите од новите Pascal графички и имаат десктоп верзија на процесор, имаат доста висока цена и не се многу компактни, доста се подебели од стандардните и доста потешки.

Последната разлика е можноста за лесна надградба кај десктоп компјутерите. Додека можете да го зголемите капацитет на рам меморија во својот лаптоп, или пак да ставите SSD диск, не можете да ја смените графичката карта или процесорот, тие обично се залемени на матичната плоча.

Ако за гејминг варијанта на лаптоп треба да го испразните вашиот буџет за околу 2000 евра, десктоп моделот за таа цена ќе извади двојно подобри перформанси и ќе биде доста подолготраен.

Претходна статијаВторо издание на InTech MeetUp во Скопје – Интервју со Тања Златановска
Следна статијаСмартфонот на Samsung со дисплеј на преклоп ќе биде претставен годинава?