Како iOS техничар, секојдневно се среќавам со ситуации каде корисниците на iOS уреди имаат поплаки поради краткото времетрање на батеријата на нивниот iPhone или iPad. Навикнавме нашите паметни телефони да ги користиме за се и сешто – комуникација, сурфање, потсетник, слушање музика, следење на физички активности, гледање филмови, играње игри … Вистина е, слаба страна на повеќето моќни паметни телефони е времетраењето на батеријата. Иако Apple со iPhone 7 Plus моделот, може да се каже дека со времетраењето на батеријата ги задоволи дури и оние корисници кои го користат максимумот од својот iPhone, сепак има некои апликации кои знаат да ја “исцицаат” батеријата за краток период.

Затоа, портабилните батерии и футроли се толку популарни во последно време. Apple имаше проблеми со iPhone 6s серијата – се случуваше ненадејно да се исклучува уредот на 40-50%. Но, Apple го реши тој проблем со тоа што понуди бесплатна промена на батеријата на сите засегнати уреди.

Треба да знаете кои апликации најмногу ја трошат батеријата на Вашиот iOS уред.

Како да дознаете

Сите информации може да ги најдете во Settings апликацијата на Вашиот iOS уред. Откако ќе ја отворите Settings апликацијата, отидете директно во Battery. Од тука, ќе можете да видите кои апликации сте ги користеле во последните 24 часа, односно кои апликации најмногу ја трошеле батеријата, а исто така можете да изберете и преглед за последните седум дена. Доколку кликнете на иконата часовник, ќе можете да видите колку време сте користеле секоја од апликациите на екран и колку време работела апликацијата во позадина.

Дознајте повеќе за Вашата батерија

Литиум-јонските батерии во нашите iOS уреди не се направени да траат вечно, затоа треба да се провери, од време на време, до каде е состојбата на батеријата и уште колку време ќе не служи со полн капацитет. Со тек на време, батеријата ќе го изгуби капацитетот, односно се помалку и помалку ќе трае со едно полнење. Едноставно така функционираат литиум-јонските батерии.

Battery Life апликацијата, на многу директен и лесен начин ќе Ви покаже каква е состојбата на Вашата батерија. Ќе Ви даде статистика за тоа кои апликации најмногу ја трошат батеријата, колку преостанува додека се истроши целата батерија и ќе Ви прикаже реална слика за капацитетот на полнење. На пример, доколку Ви покаже дека капацитетот е 1700mAh, тоа значи дека е на 97% доколку првичниот полн капацитет на батеријата бил 1751mAh. Интерфејсот е лесен за користење и има смирувачка зелена боја за да не паничите ако резултатите не Ви се допаѓаат…

iMazing е софтверска апликација за MacOS и за Windows која ќе Ви прикаже детални информации за состојбата на Вашата батерија. iMazing е исто така мултифунцкионална алатка за iOS уреди. Можете да префрлате фотографии, пораки, видео, документи, со што нема да имате потреба од iTunes. Интересно е и што можете да ја видите состојбата на батериите на повеќе уреди истовремено. Сепак, оваа апликација е бесплатна за симнување, но има и опција за купување на истата.

Од мое искуство со корисниците, апликации што најмногу ја користат батеријата се Snapchat и Instagram, особено доколку Ви стигаат нотификации постојано од корисници кои Ви лајкуваат фотографии или видеа. Би Ви препорачал да ги исклучите заднинските процеси за овие две апликации и ќе го зголемите времетраењето на батеријата. Доколку имате проблем со батеријата, може да го посетите единствениот Apple Авторизиран Сервисен Провајдер во Македонија, iStyle и ќе се обидеме да Ви помогнеме.
Претходна статијаGoogle потврди дека работи на Pixel 2 телефони кои ќе пристигнат оваа есен
Следна статијаTesla започнува „Project Loveday“ натпревар