Прво, малку контекст.

Кога се делат совети за лични финансии, клучно е прво на кој му се обраќаш – и кој се обраќа. Различни совети се валидни за различни фази од животот/кариерата. Советите се за млади луѓе – од млад човек, early 30s. Станува збор за неколку совети кои може да ги следи секој.

1) Се е подобро од нула

Цели кон што подобро – биди спремен да прифатиш било што. Бидејќи се е подобро од нула.

Како принцип. Нема потреба од многу објаснување. Ако немаш работа, залудно зборуваме за лични финансии.

2) Почни да штедиш – од првата плата

Лично, имам фонд за „црни дани“. Имам дадено платен налог на банката да ми издвојува од секоја плата одреден износ на штедна сметка. Колку би двоел, е субјективно – поентата е да обезбедиш да можеш да си ги покриеш основните трошоци за 6-12 месечен период (~250евра месечно; барем да имаш фонд од 2-3,000 евра) доколку останеш без работа. Ако обезбедиш некој фонд за „црни дани“ кој ти дава некоја привремена сигурност, препорачливо е да продолжиш да штедиш на истиот начин и за други цели.

3) Задолжувај се паметно/избегнувај кредити

Со други зборови, ако земаш заем за да купиш стан, генерално е ок – имаш долгорочен бенефит, го користиш станот денес а кога ќе го исплатиш ти останува капитал. Ако се задолжуваш за да одржуваш некој стил на живот кој не можеш реално да си го дозволиш и за кој плаќаш високи камати, прекини.

Ако сепак се најдеш во ситуација да имаш повеќе кредити (кредитна картичка, хипотекарен/станбен кредит, автомобилски, што и да е), најчесто најпаметно е да го исплатиш оној кредит кој има највисока камата. Што побргу го исплатиш овој тип на кредит, тоа заштедуваш во вкупно платена висока камата.

Секако, не биди жирант – како млад човек, сеуште не си способен да покриеш туѓ долг ако заглави.

4) Respect your bank

Верувај ми. Почитувај ги обврските кон банката, максимално можно. Не доцни, не земај кредит кој не можеш да го вратиш, секогаш плаќај си ја прво ратата, па се останато.

Утре ќе ти притреба банката пак. А кога ќе ти притреба, гледаат буквално се што си правел во минатото („кредитна историја“). Банката не заборава.

5) Инвестирај во крипто 

Многу веројатно, Биткоин (или некоја друга крипто валута) ќе биде валута на иднината. Ако инвестираш нешто ситно денеска, за 10тина години ќе вреди многу.

Но инвестирај само онолку колку што можеш да си дозволиш да изгубиш.

Претходна статијаКомпанијата Samsung добитник на 30 “CES 2019“ награди за иновации за неверојатен дизајн и инженерство
Следна статија18 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.