Will_MarqueBackground

Дигиталното мастило, односно Digital Ink е технологија позната на повеќето од вас. Преку неа можете да пишувате и цртате на екраните на допир користејќи пенкала, вашите прсти, stylus и слично. Оваа технологија се обидува да го претвори вашиот екран на допир во обична хартија, а овозможува и детектирање на притисокот на екранот, а со тоа и стилот на исцртаната линија.

Wacom е јапонска компанија која што работи во областа на дигиталната графика и дигиталните начини на внес на информации. Тие го претставија својот најнов проект Will, што е скратено за Wacom Ink Layer Language. Со други зборови претставува програмски јазик за внес на дигитално мастило. Со овој проект тие се обидуваат да го стандардизираат дигиталното мастило и со тоа да овозможат цртање, пишување, ставање забелешки преку било која апликација и на било кој уред и оперативен систем. Исто така овие податоци би имале можност за споделување преку интернет и со тоа можност за соработка во вистинско време, односно пишување со дигиталното мастило во исто време на различни уреди и од различни апликации.

Wacom Will проектот подразбира користење на еден стандардизиран формат на внесените информации наместо ограничениот систем кои што се користи моментално посебно направен за секоја апликација од развивачот на истата. Преку SDK алатката и достапноста на API алатка, програмерите ќе може да го интегрираат овој стандард во нивните уреди, апликации, оперативни системи, правејќи го достапен насекаде.

Со користењето на стандардизиран формат на дигиталното мастило ќе се овозможи нови начини на соработка на луѓето кои што го користат овој начин на внес на информации на своите уреди. Тргањето на потребата од користење на иста апликација, специјално направена за таков начин на работа би ја направило соработката полесна, а би привлекла и нови корисници кои што до сега сметале дека не би имале корист од дигиталното мастило.

Практично преку пример овој концепт би овозможил човек да работи на некој проект на својот компјутер преку некоја од достапните апликации, па потоа да го сподели со некого на друг уред кој што користи тотално друга апликација. Меѓутоа споделувањето на работата не е единствената предност. Имплементацијата на стандардот ќе овозможи на пример испишување на забелешки додека разгледувате мапи и го планирате вашето патување или можеби кога барате одредена локација.

Претходна статијаДемо видео од најновата верзија на Tizen OS
Следна статијаБионичка рака со чувство за допир
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.