android-994910_640

Една од клучните новини кои ги најави Microsoft минатата година за развој на Windows 10 како платформа беа и таканаречените „Мостови“, односно Bridges. Се работи за апликации кои овозможуваат програмерите кои веќе имаат развиено апликација во некој друг програмски јазик од тој што се користи во Windows 10, односно за друга платформа, да ги пренесат овие апликации на Windows 10 со мала промена на кодот.

Ова овозможува да програмерите немаат потреба од пишување на целосно нов код за развој на Windows 10 апликацијата, со тоа да ги намалат потребните ресурси за развој и на крај сите да добијат.

Апликации беа најавени за пренесување од iOS, Android, Web и Win32 програми. Досега можевме да видиме дека функционираат апликациите за пренесување од iOS и Web. Веќе можевме да видиме одредени апликации кои беа пренесени од овие платформи, а една од нив не знаевме дека е и Shazam за Windows 10 која е пренесена од веб.

Можноста за пренесување на апликации од Win32 програмите, што би овозомжило на пример Photoshop да може да се користи како модерна Windows 10 апликација е во развој и се најавува дека ќе може да почне да се користи од оваа година.

Главната новост се однесува на Project Astoria, како што беше наречена можноста за пренесување на апликации од Android. Оваа апликација ќе биде прекината од Microsoft, па програмерите ќе можат да ја користат само таа за пренесување на кодот од iOS, наречена Project Islandwood.

Причината за ова се истакнува дека се информациите кои ги имаат добиено од програмерите дека имањето на две вакви апликации знае да биде збунувачки за нив. Исто така, повеќето програмери имаат апликации за двете платформи, па доволно е постоењето на една апликација за пренесување на кодот.

Дополнително Microsoft ја купи компанијата којашто стои зад развојот Xamarin, платформа којашто овозможува лесно развивање на апликации коишто можат да работат на сите платформи. Оваа платформа се надоврзува на досега достапните алатки од компанијата, па се што останува е да очекуваме да гледаме што повеќе апликации на Windows 10.

Извор: Microsoft, ARSTechnica, The Verge

Претходна статијаPickbox препораки и новитети
Следна статијаДали пречките го ограничуваат талентот? – Самостојна изложба на слики на Никола Колев
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.