Не сум сигурен колку активни корисници има Airbnb во нашата земја, меѓутоа верувам дека повеќето кои често патуваат ја користат оваа одлична и корисна апликација.

Досега без разлика за колку гости се прави резервација, корисникот којшто ја прави истата мораше да ја плати целата сума, па потоа да се договори со пријателите кога ќе си го платат својот дел.

Ова можеби не е проблем за голем дел од корисниците, меѓутоа според истражувањето направено од Airbnb, голем процент од корисниците се имаат пожалено дека изгубиле значителна сума на пари во ваква ситуација. Тие исто така имаат истакнато дека караниците помеѓу пријателите не ретко се дел од ваквите патувања.

Airbnb на почетокот од оваа година почна со тестирање на систем кој ќе им овозможи на корисниците да си платат за својот дел посебно, а оваа можност сега станува достапна за сите корисници во светот.

За да може да се направи резервација на овој начин сепак постојат неколку услови, односно резервацијата треба да е направена најмалку 10 дена унапред, а престојот не смее да е подолг од месец дена.

При правењето на резервацијата, првиот корисник има можност да ја плати цела сума или да им испрати линкови на пријателите и сите да си го платат својот дел. Можноста за плаќање на целата сума истекува после 72 часа, па доколку истата не е доплатена, резервацијата се откажува.

Секој може да го плати и остатокот од неплатената сума, доколку некој од пријателите поради некоја причина го нема направено истото, а исто така прикажана е листа од сите кои имаат платено.

Извор: Airbnb, TechCrunch

Претходна статијаВажни правила во сообраќајот на кои возачите често забораваат и не ги почитуваат
Следна статијаНовите Windows лаптоп/таблет компјутери со Snapdragon 835 ќе траат 20 часа со едно полнење на батеријата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.