Microsoft-Logo

Оваа година, како и на почетокот од идната завршува поддршката за неколку производи од Microsoft, што значи дека тие веќе нема да добиваат нови надградби кои што вклучуваат нови функции. Поддршката која што ја добиваат производите од оваа компанија се стандардна и продолжена, односно поддршка која што производите ја добиваат во првите 5 години од нивното претставување и во наредните 5 години.

Кога еден производ ќе излезе од рамката за стандардна поддршка значи дека развојот на тој систем е завршен и корисниците ќе добиваат само сигурносни надградби во рамките на продолжената поддршка. Нови функции системот нема да добива, па после одреден период корисниците може да се каже дека користат застарен систем.

Неколку од оперативните системи меѓу кои и Windows Phone 7.8 и Windows 7 им завршува стандардната поддршка во периодот што следи. Windows Phone 7.8 ќе престане да добива нови функции почнувајќи од 9-ти Септември 2014 година. Иако бројот на корисници на оваа верзија од Windows Phone се’ уште е голем, корисниците сепак се повеќе се префрлуваат на поновиот Windows Phone 8, за кој што се чека официјалната достапност на 8.1 надградбата која што вклучува голем број на подобрувања.

Она што е интересно е завршувањето на поддршката за Windows 7, вклучувајќи ја најновата верзија SP1. Стандардната поддршка за овој се’ уште најпопуларен оперативен систем завршува на 13-ти Јануари 2015 година, по што корисниците ќе добиваат само сигурносни надградби. Оваа верзија од Windows оперативниот систем се користи кај поголемиот дел од корисниците кои што се’ уште одбиваат да го надградат својот систем на Windows 8.1. Критиките со кои што се соочи најновиот оперативен систем од Microsoft доведе до ситуација да постарите верзии имаат поголем процент на корисници од него, освен Vista се разбира. Меѓутоа се очекува наредната верзија од Windows да понуди исправка на голем дел од критиките, па корисниците конечно да бидат мотивирани да ги остават своите постари верзии.

Покрај овие два оперативни системи, поддршката завршува и за Office 2010 SP 1 на 14-ти Октомври 2014, како и за Windows Server 2008 на 13-ти Јануари 2015. Целосната листа на производи кои што им истекува поддршката во периодот што следи можете да ја погледнете на следниот линк.

Извор: ZDNet, WPCentral

Претходна статијаIntel, Samsung и други компании формираа група за стандардизирање на Internet of Things
Следна статијаSony го претстави Xperia C3, телефон наменет за љубителите на selfie
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.