iphone-676726_640

На сите ни е познат огромниот број на достапни апликации за мобилните платформи, кои направија да во денешно време нема нешто за коешто нема апликација. Исто така, повеќето од нас имаме инсталирано голем број на апликации на нашите мобилни уреди, а слободно можеме да кажеме дека таа бројка е сигурно околу 20 во просек.

Меѓутоа, според истражувања направени, во главно за корисниците во САД и Канада, повеќето корисници иако имаат голем број на апликации, најмногу користат до 5 од нив. Со други зборови, телефоните се полнат со најразлични апликации, меѓутоа повеќе од нив многу ретко се користат.

Иако истражувањата и статистиките не се направени за корисниците во Македонија, немаме причина да веруваме дека ние излегуваме многу од ова правило.

Според статистиките, корисниците ги користат овие 5 апликации во 80% од времето. Останатите апликации се користат, меѓутоа во многу мал дел од времето.

Овие информации се важни исто така и за огласувачите кои подобро ќе можат да донесат одлука за тоа каде да се рекламираат, односно од каде може да очекуваат најдобра достапност до корисниците.

Инаку, како што би очекувале, апликациите кои најмногу се користат од страна на корисниците се тие на Facebook и Google. Тие се цело време на врвот од топ листите во продавниците за апликации, па оваа информација е и очекувана.

Извор: VB, Marketing Land

Претходна статијаApple Watch 2 ќе има побрз процесор и вграден GPS
Следна статијаGoogle Maps за Android добија можност за симнување на мапите на SD картичката од уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.