Google во соработка со Monotype го претставија Noto, нов фонт дизајниран за повеќе од 800 јазици и 100 скрипти.
Развиван повеќе од 5 години, целта на Noto е да корисниците имаат унифицирано искуство, без разлика на кој уред работат и на кој јазик.
Она што најчесто се јавува како проблем, кај јазиците кои не се сметаат за баш стандардни во светот, е што при комуникација се случува да одредени фонтови се прикажуваат како коцки и слични форми.
Од тука доаѓа и името на новиот фонт кое е кратенка од No tofu. Tofu се нарекуваат формите кои излегуваат на местото на некој фонт или знак кој не може да биде препознаен од компјутерот поради недостаток на поддршка за тој фонт.
Noto е бесплатен, односно достапен за симнување од сите заинтересирани корисници преку следниот линк.
Се разбира, за да се постигне целта на развојот на овој фонт, потребно е негово масовно користење, а со оглед дека зад развојот стои и Google, тоа не изгледа невозможно.
Извор: TechCrunch