Иако се поминати дури 16 години од неговото претставување, како и 4 други Windows верзии, Windows XP се’ уште држи прилично добар дел од пазарот.

Според најновите статистички податоци од компанијата Net Applications, Windows XP држи 7,04% од пазарот на десктоп оперативни системи. Со овој процент оперативниот систем е на третото место според користење, а пред него се само Windows 7 и 10.

Windows 7 и понатаму останува оперативен систем број 1 со пазарен удел од 48,5%, а зад него со 26,28% е најновиот Windows 10 кој и покрај добриот раст, се’ уште не успева да го надмине седмицата.

Она што е интересно во овие податоци е што тие покажуваат дека Windows XP има поголем пазарен удел од Mac OS X и Linux, а се разбира очекувано и од Windows 8.

Која и да е причината за се’ уште големиот број на корисници на Windows XP, сепак на тие корисници им се препорачува инсталирање на понова верзија, односно барем седмица. Поновите верзии покрај тоа што нудат подобар кориснички интерфејс, нудат и понови функции и безбедност на системот.

Веќе голем дел од познатите софтверски решенија и не функционираат на постарите верзии од Windows.

Извор: TechnoBuffalo

Претходна статијаЕлон Маск прикажа видео од тест тунел од неговата The Boring Company
Следна статијаWannaCry е малициозен софтвер кој го блокира цел Windows компјутер и бара пари од корисниците, но дали треба да сте загрижени?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.