Windows Vista, една од помалку популарните верзии од Windows оперативниот систем, од оваа недела официјално заминува во историјата.

Поточно, Vista од вчерашниот ден веќе нема да добива продолжена поддршка од Microsoft, односно нема да добива сигурносни надградби, не сигурносни исправки, бесплатна или платена поддршка, како и онлајн техничка содржина.

Од компанијата истакнуваат дека им препорачуваат на корисниците кои се’ уште го користат овој оперативен систем што поскоро да направат надградба на Windows 10, а истото најдобро да го направат со купување на нов уред.

Кога одреден оперативен систем веќе не добива поддршка од развивачите, неговите корисници се изложени на дополнителен ризик, па дури и ако користат софтвер за заштита, истакнуваат од Microsoft.

Инаку, Windows Vista стана достапен во јавноста во 2007 и остана запаметен како еден од полошите оперативни системи. Причината за тоа е недоволно добрата работа на истиот, а посебно доколку не се користи појак хардвер.

Windows Vista беше првата верзија од Windows во која беше воведен и до ден денес популарниот Aero кориснички интерфејс, кој додава проѕирност на прозорите и таск барот.

Моментално многу мал број на корисници го користат овој и така непопуларен оперативен систем, па веста дека неговата поддршка завршува нема да засегне скоро никого. До денес најкористен Windows оперативен систем е се’ уште Windows 7, на кого корисниците се навикнати и тешко се решаваат за промена.

Извор: Microsoft, ZDNet, The Verge

Претходна статијаПаметно живеалиште составено од „блокови“
Следна статија„Младост без лудост“ – нова кампања на РСБСП
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.