folder_800

Главниот екран на Windows Phone значително се разликува од истите на другите платформи кои што се базираат на иконите од апликациите. Тој е составен од веќе познатите плочки кои што прикажуваат информации во живо, па поради тоа од Microsoft сметаа дека тие цело време треба да бидат достапни во преден план, па корисниците не би сакале да ги ставаат во папки. Меѓутоа со зголемувањето на бројот на апликации, сепак се покажува дека не секоја плочка на екранот е зголемена за да прикажува информации. Можноста за креирање на папки дефинитивно би придонела за подобро организирање на веќе преполнетиот home екран.

Иако се’ уште не е официјално потврдено од компанијата, според веб страна која што сега е тргната, можеше да се види дека таа функција ќе биде воведена на платформата. Поточно, се очекува да биде воведена со првата надградба на Windows Phone 8.1, која што се очекува да биде наречена Update, исто како што беше случајот со надградбата на Windows 8.1. Оваа надградба според неофицијалните информации е во тест фаза и се очекува да биде готова ова лето. Обичните корисници сепак ќе треба да причекаат за истата поради тоа што тие се’ уште ја немаат добиено ни надградбата на 8.1, но затоа корисниците на Preview for developers ќе може да ја пробаат.

Од страната можеше да се види објаснување за тоа како се креираат папките. Исто како и на другите платформи, со притискање на една плочка на home екранот и нејзино поставување над друга плочка, папка автоматски ќе биде креирана. Папката ќе може да содржи повеќе плочки и се разбира истите ќе може да бидат тргани и додавани. Исто така папките ќе може да бидат именувани, а ќе може да биде менувана и нивната големина кака на било која друга плочка.

Оваа информација се’ уште не е официјална, па останува да видиме кога ќе биде потврдена од страна на Microsoft. Ние ќе го чекаме официјализирањето на функцијата, па за истата ќе можете да прочитате, а и да видите како функционира.

Извор: The Verge, WPCentral

Претходна статијаAdobe Photoshop Express достапна за Windows Phone 8
Следна статијаFacebook има изменувано илјадници листи со новости на своите корисници за психолошки експеримент
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.