modern-client

Со претставувањето на Windows 8, Microsoft претстави и нови таканаречени „модерни“ апликации кои што беа оптимизирани за корисниците на уреди со екран на допир. Тоа не помина кај корисниците според планираното, односно како што повеќето од вас знаат, Windows 8 стана новиот Windows Vista (поради слабата популарност).

Можеби тоа е и разбирливо, со оглед на тоа што корисниците добија две паралелни апликации кои што треба да ја извршуваат истата намена, а тие прилагодени за екраните на допир обично доаѓаа со многу помалку функции од десктоп верзијата. Ова беше случајот и со Skype, која што и покрај неколкуте надградби, никогаш не беше направена ни приближно функционална како десктоп верзијата.

Од Skype денеска информираа дека модерната верзија од нивната апликација веќе нема да биде развивана и ќе биде исклучена од 7-ми Јули оваа година. Корисниците ќе биде пренасочени кон десктоп верзијата која што ќе биде главната и во Windows 10. Промената нема да важи само за корисниците на Windows 8 RT на кои што не им останува друг избор за користење на Skype.

im-with-share-file-open-menu

Од Skype истакнуваат: „Со претстојното излегување на Windows 10 за компјутерите, логично е да се користи Skype апликацијата која што е оптимизирана за користење со маус и тастатура, која што е способна и за користење со екран на допир, отколку 2 посебни апликации кои што ја извршуваат истата функција.“

Со оглед на тоа што најновите верзии од Skype за десктоп се оптимизирани и за користење со допир, ваквата одлука нема да претставува проблем за корисниците кои што во главно веќе ја имаат користено оваа верзија повеќе. Skype за екраните на допир е прилично бавна за користење, а ги нема ни приближно сите функции.

За до крајот на годината се очекува пуштање на целосно нова верзија од Skype, која што како што веќе пишувавме треба да биде интегрирана во една апликација за пораки.

Корисниците кои што веќе ја користат само десктоп верзијата од Skype нема да забележат никакви промени, односно можат најнормално да продолжат да ја користат апликацијата.

Извор: Skype

Претходна статијаGoogle ја претстави Sidewalk Labs – Нова компанија за подобрување на живеењето во градовите
Следна статијаKaspersky: Windows Phone е најбезбеден, iOS најмалку безбеден оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.