Windows_Product_Family_9-30-Event

Доколку не ја симнете вашата копија на Windows од некоја од торент страните, истата обично доаѓа на DVD од кое што можете да го инсталирате оперативниот систем или да го реинсталирате доколку дојде инсталиран со вашиот уред.

Меѓутоа, во денешно време користењето на DVD, посебно од обичните корисници, е се помало, па голем број од уредите и не доаѓаат со читач на вакви медиуми. Корисниците најчесто ги користат USB стиковите или надворешни дискови за бекап или префрлување на податоци преку надворешен медиум.

Непотврдено од страна на Microsoft, но според одредени неофицијални информации, Windows 10 е можно да биде достапен и на USB стик, покрај стандардното DVD. Ова покрај тоа што ќе им овозможи инсталација на корисниците без DVD читач, би требало и да го забрза целиот процес на инсталација.

За разлика од DVD верзијата, USB стикот ќе доаѓа со двете верзии од оперативниот систем, односно 32 и 64-битната верзија, па корисниците ќе бираат која сакаат да ја инсталираат.

Достапноста на USB стикот треба да биде и за Home, како и за Pro верзијата од оперативниот систем.

Извор: WinBeta

Претходна статија‘Pepper’ – Првиот домашен робот кој има „емоции“
Следна статијаПостигнат напредок во вакцината против ХИВ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.