Windows-10-Range-Lumia-950-950XL-jpg

Microsoft вчера потврди дека таканаречената Anniversary Update за Windows 10 ќе биде официјално достапна за инсталирање почнувајќи од 2-ри август бесплатно за сите корисници на Windows 10.

Она што не беше познато е дали во исто време ќе започне и надградбата на мобилните уреди, кои после долго одложување, сепак ја добија официјалната Windows 10 верзија оваа година.

Потврда за ова дојде од главната на Windows Insider програмата Дона Саркар, која го замени познатиот Гејб Аул, преку нејзиниот Twitter профил. Таа исто така нагласи дека надградбата ќе започне прво за десктоп и мобилните уреди, а истата ќе биде пуштана постепено, односно нема сите да ја добијат во истиот ден.

Тоа е така поради големиот број на корисници, повеќе од 350 милиони, кај кои може да се јават проблеми, како што беше случајот минатата година. Во постепеното пуштање на надградбата, се намалуваат шансите за појава на проблемите кај огромен дел од корисниците, а доколку се јават, надградбата може да биде паузирана за останатите и со тоа да се избегне „лоша“ ситуација.

Извор: Windows Central, MSPU, PCWorld

Претходна статијаAndroid Nougat е официјалното име на Android N
Следна статијаTouchWiz скинот за Android на Samsung ќе доживее големи промени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.