ubuntu-logo

Ubuntu 14.04, како и претходните верзии ќе биде достапен за симнување во Април, односно на 17-ти Април 2014. До официјалното излегување, за разлика од другите оперативни системи за кои што може да се најдат шпекулации и протечени информации, Ubuntu е достапен за симнување и тестирање од било кого. Сепак се работи за тест верзии, па се препорачува користење од страна на програмерите, а не како главен оперативен систем за секојдневна работа.

Од денеска е достапна бета верзија од Ubuntu 14.04 која што е доволно стабилна за користење и од корисниците кои што не се програмери, меѓутоа сепак останува претпазливоста, па доколку не сте сигурни дека точно знаете што да правите, не ви препорачуваме да ја инсталирате оваа верзија на вашиот главен компјутер. Бета верзијата за разлика од претходните тест верзии, доаѓа со доста нови работи, односно новините најавени дека ќе бидат достапни во финалната верзија изминатиот период. Во продолжение можете да прочитате што вклучува вета верзијата, како и да погледнете демо видео од истата направено од страна на порталот OMG Ubuntu.

  • Менија на прозорите од апликациите

Промена најавена за финалната верзија од оперативниот систем која овозможува избор од страна на корисникот дали менијата од апликациите ќе бидат поставени на горниот панел или на самиот прозор од апликацијата. Стандардно ќе бидат поставени на панелот, а изборот ќе може да се направи преку System Settings > Appearance > Behaviour.

  • Минимизирање на прозорите преку клик на иконата од апликацијата на Unity лентата

Оваа можност исто така ја претставивме пред една недела и воведува функција недостапна до сега. Отворените апликации, односно нивните прозори, ќе може да бидат минимизирани преку кликање на нивната икона на Unity лентата, покрај стандардната можност за притискање на копчето за таа намена. Доколку се отворени повеќе прозори од апликацијата, притискањето на иконата ќе го отвори досегашниот приказ на прозорите, односно нема да го минимизира предниот прозор, на пример.

  • Тргната е рамката околу прозорите
  • Подобра поддршка за екрани со висока резолуција

Ubuntu 14.04 бета можете да го симнете преку следниот линк.

Извор: OMG Ubuntu

Претходна статијаУште едно видео на кое што е прикажан Windows Phone 8.1
Следна статијаIntel се пофали со новиот 8-јадрен Extreme Edition Haswell процесор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.