Windows-8.1

Како што се ближи Април, кога ќе се одржи Microsoft Build конференцијата на која што се очекува да бидат претставени новите работи на кои што се работи во врска со развојот на Windows 8/9, како и Windows Phone, така се повеќе информации кружат за можните промени што би биле претставени. Веќе пишувавме за надградбата на Windows 8.1 која што треба да се вика Update 1 и можноста за поголема интеракција помеѓу десктоп околината и модерните апликации.

Нова информација која што е добиена од извори на ZDNet, кажува дека Update 1 надградбата на Windows 8.1 треба да биде достапна за корисниците на 11 Март преку Windows Update функцијата на оперативниот систем, а не преку App Store како што беше овозможена 8.1 надградбата. Исто така Update 1 се очекува да ги намали потребниот простор на дискот и RAM меморијата што ги користи Windows 8.1. Ова би овозможило системот да може да работи на поевтини таблет компјутери кој што имаат послаб хардвер.

Друга информација доаѓа од рускиот „протекувач“ на информации WZor, кој што тврди дека има дојдено до наредната верзија на Windows 8.1, па пушта по некоја информација веќе неколку пати. Според оваа информација на Start екранот ќе бидат додадени две копчиња во горниот десен агол, до сликата од корисникот, едното за исклучување на компјутерот, а другото за пребарување (Search) функцијата. Исто така од сликите објавени се гледа олеснување на работата со Live Tiles, посебно за корисниците кои што се научени на десктоп околината, преку воведување на контекст мени при кликање на некоја од плочките. Моментално кога ќе се кликне на некоја од плочките се појавува мени во форма на лента која се појавува на долниот дел од екранот, нешто што за корисниците на маус може да претставува непотребно движење на маусот.

[showcase id=”3862″]

Извори: ZDNet, WZor.

Претходна статијаBolt II – „парната машина“ на Digital Storm
Следна статијаGlyph проекција на видео директно во вашето око
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.