livecase_pixel_combo-width-1000-copy

Веќе долго време Google работи на развивање на новата 7.1.1 верзија на Aндроид софтверот Nougat пуштајќи во употреба неколку developer preview бета верзии. Но тестирањето наскоро ќе заврши со највата дека најновата верзија на софтверот Nougat, 7.1.1 ке биде достапна во почетокот на декември, најпрво за Google брендираните Nexus 6p, 5x и Pixel телефони кои што уживаат привилегија во однос на другите смартфони на пазарот.

Eден од најголемите мобилни оператори во Австралија – Vodafone известува дека на 6ти декември телефоните 6p на Huawei ќе добијат софтверскo ОТА (Оver the air) aжурирање со кое ќе можат да ја добијат најновата 7.1.1 верзија на Nougat. Сметајќи ја временската разлика ажурирањето ќе биде достапно во Америка ден унапред односно 5 декември, за потоа да се прошири глобално низ светот. Големината на надградбата е околу 650 MB, а корисниците ќе бидат известени кога нивниот телефон ќе биде спремен за симнување и автоматско инсталирање кое е доста едноставно и лесно. Доколку не бидете известени со нотификација можете да ја проверете достапноста за ажурирање преку интернет. Софтверското ажурирање ќе го вклучува и сигурносниот пач од Google кој ќе биде достапен од 5 декември.

Според Vodafone ажурирањето ќе биде пуштено постепено односно во првите три дена ќе бидат селектирани само 10.000 уреди, после четвртиот ден по 10% од уредите секојдневно ќе бидат селектирани, за после четрнаесеттиот ден сите уреди брендирани од Google да добијат надградба на најновата софтверска верзија.

Android Nougat 7.1.1 ќе се разликува помеѓу oвогодинешните Pixel и минатогодишните Nexus телефони. Пиксел ланчерот, паралакс позадините, Google асистентот, ноќниот мод и некои хардверски опции за fingerprint скенерот, ќе бидат достапни ексклузивно само за Google Pixel телефоните. Додека опциите како Smart storage, Moves, вметнувањето на опцијата за рестартирање, избирање на брзи функции со долго притискање на апликациите-еден вид на 3D touch, Google поддршката 24/7  и уште неколку елементи би биле достапни и кај Nexus смартфоните.

Останатите телефони сигурно ќе почекаат неколку дополнителни недели или месеци до добивањето на софтверското ажурирање за ова верзија, знаејќи го фактот што одредени телефони сеуште не добиле ажурирања за верзијата 7.0.

Извори: Android Central, Yahoo News, Android Authority

Претходна статијаSamsung Electronics ќе се дели на две компании под притисок на инвеститорите
Следна статијаPinebook е Linux лаптоп кој чини само 89 долари