20160819_110656

Помина навистина доста време, можеби повеќе и од една година од најавата на Facebook дека ќе ги претстави своите апликации за оваа платформа, па еве конечно корисниците на Windows 10 Mobile имаат официјална Facebook апликација.

Истата неколку месеци беше достапна во бета верзија која корисниците можеа слободно да ја инсталираат.

За потсетување, Windows мобилната платформа одамна има Facebook апликација, но истата беше развивана од страна на Microsoft. Новата апликација која е достапна од оваа недела е развиена директно од Facebook, па се смета за првата официјална апликација за оваа платформа.

Инаку, Facebook за Windows 10 Mobile е направена како „пренесена“ апликација од iOS верзијата, па таа исто изгледа и ги има истите функции како апликацијата на iPhone. Тоа може да е негативно за одредени корисници поради фактот што Windows не доби своја посебно дизајнирана апликација, но со оглед на популарноста на платформата и ова може да се каже дека е одлично.

Добра вест е што покрај стандардните функции на апликацијата, кои се сите кои се достапни на другите платформи, Facebook за Windows 10 Mobile ја вклучува и поддршката за синхронизација со People Hub и Calendar. Тоа значи дека корисниците ќе може да ги поврзат своите пријатели од Facebook со контактите и со тоа да ги имаат нивните слики и други информации. Поврзувањето со календарот овозможува прикажување на настаните од Facebook на календарот од мобилниот телефон.

Официјална Facebook апликација е достапна за десктоп корисниците на Windows 10 веќе одреден период, а Facebook ги претстави и официјалните апликации од Messenger за десктоп и мобилен, како и Instagram само на мобилен.

Сите апликации од Facebook се префрлени верзии од iOS, па корисниците може да го очекуваат тоа искуство редовно надградувано и на оваа платформа.

Симни ја Facebook за Windows 10 Mobile

Претходна статијаProject Alloy е нов уред за виртуелна и проширена реалност од Intel кој има вграден компјутер
Следна статијаFacebook и Unity спремаат нова платформа за игри конкурент на Steam
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.