Screenshot.406483.1000000

Оваа интересна, а може да се каже и револуционерна технологија, дел од Skype, за првпат беше претставена пред една година. Веднаш споредувана со технологиите од научно фантастичните филмови и серии, Skype Translator им овозможува на корисниците преведување на аудио, видео и текст разговорите во вистинско време. Тоа го прави скоро инстантно, со одредени грешки очекувани во развојната фаза.

Во Декември минатата година Skype Translator стана официјално достапен за корисниците, меѓутоа за да ја симнете апликацијата беше потребно да се регистрирате, по што не сите добиваа пристап.

Инаку апликацијата моментално е достапна за корисниците на Windows 8.1, како и Windows 10 и е направена како „модерна“ апликација, односно не се работи за win32 – десктоп апликација.

Од денес Skype Translator стана достапна за сите заинтересирани корисници. Тоа значи дека веќе не е потребна регистрација за нејзино симнување и сите заинтересирани можат да ја симнат преку продавницата за апликации.

Истата се’ уште е достапна само на Windows 8.1 и Windows 10, а најава за другите платформи моментално нема.

Во оваа фаза Skype Translator има поддршка за превод на 4 јазици при аудио или видео повик, како и 50 јазици при текстуални пораки. Четирите достапни јазици се Англиски, Шпански, Италијански и Кинески (Мандарински), додека нашиот јазик очекувано не е достапен во 50-те достапни за текстуални пораки.

Како и да е, достапни се Хрватскиот, Српскиот и Босанскиот, па доколку оваа апликација ви е потребна за комуникација, можете да се обидете со некој од овие јазици, додека стане достапен македонскиот.

Screenshot.406483.1000001

Работата со апликацијата е едноставна. На изглед е иста како и модерната Skype апликација која што е одамна достапна за корисниците. Во делот за разговор со некој од пријателите, го вклучувате копчето за превод, по што го избирате вашиот и јазикот на кој што говори и пишува вашиот пријател. Потоа започнувате со комуникација, а преводот се прикажува текстуално, а може и да биде кажан на глас.

Извор: Skype

Претходна статијаНовиот Nexus телефон ќе дојде во две верзии
Следна статијаFirefox 38 достапен за симнување на сите платформи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.