Super Mario, познатиот лик којшто нема некој роден пред деведесеттите кој не го познава, од оваа недела ексклузивно е достапен за корисниците на iPhone, iPad и iPod Touch, односно за корисниците на iOS.

Играта за жал не е достапна на Android, а сега за сега и нема најави дали и кога тоа би се случило. Една од причините која се истакнува за недостапноста на оваа платформа е нејзината отвореност и можност за пиратерија.

Super Mario Run очекувано е направена во оригиналниот стил, тој познат на старите Nintendo конзоли. Достапни се уште две дополнителни можности во играта, покрај стандардниот начин на игра наречен World Tour, односно Toad Rally и Kingdom Builder.

Играњето на играта е замислено да може да е прави со една рака. Mario автоматски се движи напред, поточно десно како во оригиналната верзија, а корисниците притискаат на екранот за тој да скокне и со тоа да ги избегне пречките или да собере од достапните парички.

Различното притискање на екранот, односно времето кога корисникот ќе одлучи да притисне, овозможува различни стилови на скокање.

Ова во основа е и целта на вториот режим во играта, Toad Rally, каде што играчите може да се натпреваруваат со своите пријатели и да ги покажат различните начини на скокање кои ги имаат научено.

Kingdom Builder, како што навестува и самото име, овозможува изградба на сопствено царство за играње, а сето тоа е овозможено преку собирање на парички и жаби.

Иако играта се симнува бесплатно, истата чини 10 долари кои се плаќаат за отклучување на сите 6 светови со 24 нивоа во играта.

Исто така, за играње на играта потребно е цело време уредот да е поврзан на интернет, односно на Wi-Fi или мобилна мрежа. Тоа значи дека корисниците нема да може да ја играат играта на места каде што немаат пристап до интернет конекција.

Super Mario Run е достапна во App Store на iOS и може да биде симната преку следниот линк.

Симни ја Super Mario Run за iOS

Извор: MacRumors, Super Mario Run

Претходна статијаКако да проверите дали вашата Yahoo сметка е една од пробиените и целосно да ја избришете
Следна статијаSkype Mingo за Android сега ќе може да ги замени апликациите за повици и пораки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.