Microsoft-Pix-video-screenshot-930x523

Гигантот од Редмонд се чини последнава година поголемо внимание посветува на конкурентните еко системи за телефоните, отколку за својот Windows 10 Mobile. Овој пат тие лансираат нова камера апликација за iPhone, која има едно копче за сликање и едно за видео, но може да извади исклучително квалитетни фотографии.

Моќта на оваа апликација се вградените алгоритми, кои можат да оценат за каква фотографија се работи и да ја направат подобра. На пример, доколку има лице во фотографијата, тие правилно ќе ја подесат светлината со цел лицето да биде најдобро осветлено, односно ако има многу контраст, апликацијата ќе ги подигне сенките и ќе го затемни небото…

v80fmymuvzgldincox5q

Pix работи така што фотографира 10 слики одеднаш и избира 3 најдобри слики. Тие слики ги избира по неколку параметри – кај луѓето на пример добра слика за Pix значи дека човекот гледа во камерата и е насмеан. Потоа, на најдобрите фотографии Pix ги прави промените кои ги спомнавме погоре, со кои фотографиите треба да бидат поубави.

Покрај тоа, Pix Има можност и за интересни Live Photos, многу подобри од оние во вградената камера апликација на iPhone. Имено, апликацијата може да направи кратко „видео“ од 10-те фотографирани слики, но може и да одбере кои делови од видеото да се живи, со цел тоа да биде поинтересно. Исто така, во апликацијата има вградено “Hyperlapse” можност, што е функција која е недостапна кај другите апликации (видео погоре).

Најдоброто кај оваа апликација е што корисникот не мора да се грижи за апсолутно ништо – треба само да ја пушти апликацијата и да фотографира или да одбере Hyperlapse. Се друго потоа прави апликацијата, освен ако корисникот не сака да додаде некои свои измени на фотографиите.

Апликацијата е достапна за сите корисници на iPhone 5S или понов и интересно, од Microsoft Research велат дека работат и на Android верзија на оваа апликација, но сѐ уште нема најава за Windows 10 Mobile верзија, која би требало да може лесно да се пренесе од iOS апликацијата.

Извор: Venture Beat, PC World, Gizmodo, Microsoft

Претходна статијаАрмијата на САД се префрла од Android на iPhone, бидејќи Android кочи и замрзнува?
Следна статијаРусија работи на авион кој ќе испушта нуклеарни глави од вселената