Кога ќе се земе во предвид популарноста на Facebook Messenger можеби прашање на време беше кога од компанијата ќе претстават апликација со која ќе ја прошират својата целна група на корисници.

Идејата морам да признам делува одлично. Децата и така веќе цело време ги користат мобилните уреди од своите родители, а доста од нив имаат и свои мобилни. Иако Facebook не дозволува деца помали од 13 години да креираат кориснички сметки, секако тоа сигурно нема спречено голем број да го направат истото.

Главната замисла на Messenger Kids е да им овозможи на децата комуникација со своите пријатели, роднини, родители и слично, а во исто време да им овозможи на родителите контрола над сето тоа.

Контролата на родителите им се овозможува преку тоа што тие ја креираат сметката на своите деца, преку својата Facebook сметка, а потоа тие одобруваат со кого децата ќе може да комуницираат.

На овој начин и децата ќе имаат можност да комуницираат на моментално најпопуларниот начин во светот, а родителите може да бидат мирни дека нема кој сака да почне разговор со нивните деца.

Што се однесува до апликацијата, истата е направена слично како обичниот Messenger со тоа што акцентот е ставен на видео повиците и ефектите на камерата.

За користење на апликацијата не е потребен телефонски број, а од Facebook тврдат дека во истата нема да бидат прикажувани реклами, како и дека разговорите нема да се користат за прикажување на реклами.

За почеток Messenger Kids е во тест фаза и е достапна само за корисниците на САД и тоа не сите. Исто така, апликацијата е достапна само на iOS, односно за корисниците на iPhone и iPad.

Извор: Facebook

Претходна статијаXiaomi ги покажа Redmi 5 и Redmi 5 Pro, и двата со 18:9 екрани и мала рамка
Следна статијаGalaxy S9 ќе има подобрени десктоп можности
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.