all-in-fitness-feat

Велат „Во здраво тело, здрав дух“. Во време кога сите некаде брзаме, сите сме ограничени временски со секојдневните обврски, ретко и да се најдеме во можност да одвоиме мал дел од едно деноноќие за себе. Но, сепак, во последно време се почесто и почесто сретнуваме луѓе кои одат во „теретана“, што секако е за поздрав. Токму за ваквиот стил на здрав живот, прочитајте нешто повеќе за All-In Fitness апликацијата во подолните редови.

All-In Fitness е апликација достапна за iOS. Ќе најдете над 1000 вежби за одредени мускулни групи, за само еден мускул, како и бројни фитнес и јога вежби. Од мерач на калории, калкулатор за индексот на телесната маса, споделување на социјалните мрежи, па се до следење и на вашиот крвен притисок со оваа апликација добивате буквално се.

Откако за првпат ќе ја стартувате апликацијата ве пречекува „прашалник“ во кој ќе треба да ги внесете податоците за вашата тежина, висина и сличните метриски работи кои ги знаете за вашето тело. Може дури и да „скриете“ она што не сакате да вежбате. На пример ако имате лош период со коленото или рамото, доволно е да ги означите овие две групи и самата апликација ќе ви каже кои вежби смеете да ги практикувате без притоа да има негативни последици кон вашето здравје.

all-in-fitness1

Ќе најдете претходно креирани вежби, но може и вие да креирате свој план за вежбање. Да не го заборавиме и календарот на кој ќе си ги запишувате сите активности за деновите додека сте вежбале. Или уште подобро, секое јадење, секое трчање, пешачење, или едноставно, „дремење“ пред компјутер може да го запишете на овој календар.

Она што е интересно кај All-In Fitness е можноста за складирање на сите информации додека вежбате. Така, на пример лесно ќе може да ги внесувате сериите кои планирате да ги направите, но и да ја внесете тежината, т.е теговите кои сте ги употребиле додека сте ја правеле дадената вежба. Сето ова е добро, затоа што овие податоци подоцна се важни за вас, затоа што многу подобро ќе знаете како сте напредувале периодот, и дали треба да се „исфорсирате“ барем уште некоја недела.

Секако, онаа бројка од над 1.000 вежби е пропратена со соодветни аудио и видео, но и текстуални објаснувања за вежбата која планирате да ја изведете во фитнес/боди билдинг центарот.

Magazine секцијата ви нуди и нутриционистички рецепти и рецепти од корисниците, па така, и во тој поглед вие може да сте сигурни дека она што сакате да го зготвите, е калориски вредно и секако, ви помага во вашата идеја да изгледате здраво и „оформено“.

Можеби цената од 2.99 долари ќе ве предомисли од намерата да ја користите оваа апликација, но, верувајте ни дека со All-In Fitness добивате буквално се. Јога, фитнес, боди билдинг, па дури и кондиционен личен тренер.

Апликацијата е достапна за симнување во App Store на следниот линк.

Претходна статијаБионичка рака со чувство за допир
Следна статијаZTE го претстави Grand Memo II LTE