signal-ios-icon

Интересот на корисниците за апликации кои што нудат енкриптирана комуникација, односно заштитена комуникација која што не може или е многу потешко да биде пресретната, нагло порасна со излегувањето на информациите од Edward Snowden. Од информациите пуштени во јавноста од страна на овој поранешен вработен во NSA, можеше да се види дека корисниците треба повеќе да бидат загрижени од властите, отколку од озогласените хакери.

За да може да се нарече одредена комуникација заштитена, истата треба да биде енкриптирана од самиот уред од каде што започнува, како и на другиот уред со кој што се комуницира. Клучевите кои што се користат при енркипцијата не треба да бидат достапни на компанијата која што го овозможува сервисот, односно преку чии што сервери се одвива комуникацијата. Секоја апликација која што нуди сигурна комуникација, но енкрипцијата се прави на серверите од сервисот, можат да бидат декриптирани од компанијата која што го нуди сервисот.

Апликации кои што нудат енкриптирана комуникација веќе има, меѓутоа тие се наменети за бизнис корисниците и поради тоа доаѓаат со месечна претплата за користење на сервисот. Signal за iOS е првата ваква апликација која што е бесплатна за сите корисници. Направена е од страна на непрофитната организација Open WhisperSystems која што ги изработува Android апликациите RedPhone и TextSecure наменети за енкриптирани повици и пораки. Signal е целосно компатибилна со RedPhone, па iPhone корисниците ќе можат да прават заштитени повици и со Android корисници.

signal-ios-screens

Signal функционира едноставно и го користи системот на регистрирање како кај Viber и слични апликации, односно го внесувате само вашиот телефонски број. Вашите контакти од телефонот се внесуваат во апликацијата и сите кои што ја користат ќе бидат прикажани како достапни за разговор. За заштита на повиците Signal го користи ZRTP протоколот кој што се користи за енкрипција на VoIP повиците. Работи преку вашата Wi-Fi или мобилна интернет конекција.

Signal е исто така апликација со отворен код, што овозможува кој сака да го провери и да потврди дали таа работи според прикажаните карактеристики.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

Извор: Open WhisperSystems, Wired

Претходна статијаFacebook го гаси Gifts сервисот
Следна статијаBitTorrent ја претстави Bleep, апликација за пораки која нуди поголемо ниво на приватност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.