Корисниците на популарната социјална мрежа за споделување видео содржини, YouTube, од сега ја воведува опцијата за снимање и емитување во живо, LiveStream, преку мобилен уред, меѓутоа под еден услов. Опцијата беше првично воведена во февруари, кога беше овозможена само за корисниците кои имаат повеќе од 10 000 „подписници“(Subscribers), додека сега, YouTube таа бројка ја намали на само 1.000 „подписници“.

Информацијата ја потврдија од официјална страна за поддршка на гигантот во сопственост на Google. Од таму велат дека опцијата за LiveStream од мобилен телефон е достапна за сите корисници од светот, доколку го исполнуваат единствениот услов, а тоа се најмалку 1 000 подписници.

Како причините поради кои опцијата не им е достапна на сите корисници се наведуваат најмалку три логички фактори.

Бројката на „следачи“, односно најмалку 1.000-те следачи се показател дека креаторот на содржините има барем некаква идеја што публиката сака да гледа, што во најмала рака ги филтрира досадните и бесцелни содржини.

Понатаму, техничките причини и самото одржување на функционирањето на YouTube со лимитиран број на корисници. И како последно, може да се наведе безбедноста, односно спречувањето на ширење на забранети содржини. Ширењето на нелегален материјал евентуално ќе доведе до губење на каналот од кој е емитувана, па така, луѓето кои веќе имаат 1.000 следбеници и „разработен“ канал веројатно ќе бидат помалку спремни да го жртвуваат.

Извор: TechRunch

Претходна статијаЧитачите за отпечатоци не се безбедни колку што сме мислеле
Следна статија3Д тури на преку 50 локации со новиот Google Earth