YouTube Go е апликација која Google ја најави минатата година. Наменета е во главно за неразвиените или земјите во развој, каде што мобилниот интернет не вклучува пакети со голема брзина, како и доволно голем вклучен месечен сообраќај.

Во основа оваа апликација е штедлива и поедноставна варијанта на главната YouTube апликација. Достапни се сите видеа, но истите не може да се гледаат во резолуција поголема од стандардна. Исто така и самата апликација е поедноставна, односно ги нема сите функции на главната.

Главната одлика на YouTube Go е можноста да се симнат видеата додека корисникот се наоѓа на мрежа погодна за таква активност, како на пример Wi-Fi. Потоа симнатите видеа може да се гледаат без притоа да биде проблем мобилниот интернет со слаба брзина и стабилност, но и мал лимит.

Исто така, апликацијата овозможува споделување на симнато видео со пријателите без потреба од користење на интернет конекција, односно преку креирање на ad hoc мрежа.

Апликацијата беше најавена за оваа година, па истата сега е достапна за корисниците. Се’ уште стои како необјавена на Play Store, но достапен е и apk фајл благодарение на Android Police.

Со оглед на достапноста на 4G мрежа кај нашите оператори, а и не толку малите месечни лимити на сообраќајот, претпоставуваме дека на повеќето оваа апликација нема да им биде потребна.

Извор: Android Police, TNW

Претходна статијаFacebook ќе се обиде да ја замени вашата апликација за временска прогноза
Следна статијаGoogle разви алгоритам кој може да ги чисти сликите како во филмовите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.