tinder-jobs

Три месеци по воведувањето на можноста за истакнување на професијата и образованието на Tinder, од компанијата излегоа со првите статистики за тоа кои професии се покажале како најбарани кај корисниците.

Статистиките не се од корисниците во целиот свет, туку само од САД, па не можеме да знаеме дали кај нас би било слично. Кога ќе се погледнат одредени професии на листата, сигурно може да заклучиме дека во Македонија листата би била делумно различна.

Најбараните професии кај мажите, односно професии кои добиле најмногу лајкови се пилот, основач/претприемач, пожарникар, доктор, ТВ и радио личност. Кај жените листата вклучува професии како физиотерапевт, внатрешен дизајн, основач/претприемач, ПР/комуникации, учител.

Целосната листа на професии можете да ја погледнете на следната слика.

top_jobs_list

Дали оваа листа е реална не сме сигурни, односно дали одлуката за лајкување на некој корисник е под влијание и на професијата.

Извор: Tinder

Претходна статијаSamsung очекува одлична побарувачка за новите S7 модели – Ќе произведе 17 милиони уреди за три месеци
Следна статијаНовиот Raspberry Pi 3 е 50% побрз, има вградени Wi-Fi и Bluetooth, но и натаму чини само $35
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.