Патниците кои посетуваат одредено место се соочуваат првично со проблемот на разбирање на јазикот кој го говори локалното население. Тоа знае да биде особено фрустрирачки доколку сте заинтересирани да посетите одредена дестинација, локал, ресторан и сл. и доколку за истото сакате да се информирате преку Google Maps, но „освртите“ се напишани на, за вас неразбирлив јазик.

Со цел овој проблем да се реши, силите ги здружија двете особено корисни алатки на Google, секако Maps и популарниот преведувач Translate. Имено, од неодамна, постои опција коментарите и „освртите“ за поедини локации од интерес кој можат да се најдат на Google Maps, да бидат преведени на вашиот јазик. Според компанијата, сите коментари и „осврти“ автоматски ќе ви биде понудено да ги прегледате на јазикот кој ви е означен како примарен на вашата апликација.

Со ова Google Maps се обидува да направи исчекор и да се трансформира во повеќе од само „карта и патоказ“ која ќе ни помага да дознаеме како да стигнеме до извесно место. Бројот на месечни корисници изнудува компанијата да понуди нешто ново и повеќе од претходно.

Неизбежно е да се спомене дека Google Maps работи и на подобрување на својата „туристичка понуда“ со претставувањето на Google Maps Local Guide кој овозможуваат уникатно искуство на виртуелен туризам.

Извор: Cnet

Претходна статијаДроновите на DJI отсега ќе може да ги управувате само со вашата глава, благодарение на новите „очила“
Следна статијаDxTER е систем од уреди кој ги има (скоро) истите можности на трикордерот во Star Trek