Апликациите на iOS отсекогаш биле подобро дизајнирани од своите верзии направени за Android. Тој тренд полека се менува и Yahoo! Weather е една од сега поголемиот број на апликации кои придонесуваат за таа цел. Оваа апликација е надградена пред 4 месеци за iOS платформата.

Новата верзија на оваа апликација донесува full screen слики со висока резолуција од градот каде што се прикажува временската прогноза. Изворот на сликите е Flicker сервисот за слики преку Project Weather, каде што и самите може да додавате ваши слики. Сликите се менуваат и зависно од временските услови и периодот од денот.

Други новости што ги носи оваа надградба вклучуваат 10 дневна временска прогноза, шанса за врнежи на дожд или снег, ветер и притисок, време на изгревање и заоѓање на сонцето, интерактивна мапа, индекс на ултравиолетово зрачење, и lock screen widget.

unnamedunnamed2

Претходна статијаОфицијално Windows 8.1 финална верзија достапна на 18-ти Октомври 2013
Следна статијаИнтернет прелистувачот Internet Explorer најбезбеден
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.