jelly-f

Jelly е компанија основана во Април 2013 година од страна на Biz Stone и Ben Finkel. Biz Stone е исто така еден од пронаоѓачите и основачите на Twitter. Истоимената апликација која што до сега беше во развој е достапна за корисниците на Android и iOS од Јануари 2014 и во основа таа служи за поставување на прашања преку постирање на слика.

Jelly може да се каже дека претставува конкуренција на Quora и Yahoo Answers, со тоа што се разликува од нив преку условот за поставување на прашање преку слика, односно не прифаќа прашања без притоа да прикачите слика.

При првото стартување на апликацијата од вас ќе биде побарано да се најавите со вашите Facebook или Twitter сметки, а може и двата сервиса да бидат поврзани во исто време. Прашањата или одговорите што ги објавувате не се автоматски споделени на некоја од двете социјални мрежи, а можноста за истото постои мануелно. Прашањата кои што ќе ги гледате на апликацијата доаѓаат покрај од вашите пријатели од двете социјални мрежи, туку и од нивните пријатели, што овозможува проширување на контактите надвор од вашата мрежа.

По најавување на сервисите и стартување на апликацијата ќе почнете да ги гледате поставените прашања во форма на слика на која што е поставено прашањето, информација за тоа од кого е поставено прашањето, како и информација како сте поврзани со личноста доколку не е на вашата листа на пријатели на Facebook или Twitter. Поставените прашања можете да ги одговорите, да ги препратите на некој од пријателите или со едноставно повлекување да ги тргнете од листата. На долната страна од сликите поставено е копче на кое што е прикажана бројката на добиени одговори на прашањето, а негово кликање ве носи до нив. Одговорите можете да ги оцените како Добри или да ги споделите со пријателите.

Доколку сакате да поставите прашање се што треба да направите е да кликнете на иконата со камера со што имате можност да ја сликате сликата во тој момент, да изберете од вашата галерија со слики или да пронајдете слика од Google Image пребарувачот. Прашања може да поставите какви сакате и колку сакате, а останува на луѓето да почнат да ги одговараат. На добиените одговори можете да се заблагодарите преку Thanks копчето или да ги споделите со пријателите.

При поставување на прашање имате можност за слободно цртање со прстот, можност корисна доколку сакате нешто во сликата да го истакнете при поставување на прашањето и исто така да полесно разберат што точно сакате тие што ви одговараат. Оваа можност исто така е достапна кога одговарате на прашањата на оригиналната слика.

Апликацијата исто така има и листа на активности преку која што можете да видите кои прашања ги имате поставено, прашања на кои што имате дадено одговор, како и одговорите што ги имате добиено.

[showcase id=”4182″]

Jelly е достапна во Play Store и во App Store, а можете да ја симнете и преку следните слинкови.

jelly-qr-android

 

 

jelly-qr-ios

Претходна статијаMicrosoft официјално го назначи Satya Nadella за CEO на компанијата
Следна статијаApple доби тужба за прекршување на патентирана технологија во A7 процесорот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.