Nova Launcher е можеби најпознатата Android апликација која го менува стандардниот главен екран. Тоа се должи на достапните можности кој оваа апликација има ги овозможува на корисниците, кои се имаа решено дека не сакаат да ги користат „врадените“ Launcher-и.

Ваквите апликации станаа посебно популарни во времето кога производителите како Samsung, на пример, своите Launcer-и (TouchWiz) ги правеа премногу сложено, полни со апликации и побарување за ресурси, а ни приближно полни со разни можности за избор од страна на корисникот.

Nova Launcher е достапна бесплатно, меѓутоа платената верзија нуди неколку работи кои не се достапни во бесплатната, како на пример, gestures, прикажување на бројот на непрочитани известувања на иконите, посебни ленти во листата со апликации, сокривање на апликации и слично.

Nova Launcher Prime обично се продава по цена од 5 долари, поточно 4,99. Истата за празниците кои следат е намалена на само 0,99 долари, па доколку се имате мислено да ја пробате апликацијата или не ви се давале 5 долари, сега е шансата да ја земете.

Апликацијата е достапна во Play Store и потребно е да ја имате инсталирано и бесплатната верзија.

Претходна статијаVivo ќе биде првиот производител кој ќе претстави смартфон со читач за отпечатоци под екранот?
Следна статијаНов сензор ќе им даде „очи“ на автономните возила
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.