here-android-samsung

HERE Maps е апликација која што можеби им е најмногу позната на корисниците на Windows Phone, каде што беше достапна до сега поради блиската соработка која што ја имаше тогашната компанија со Microsoft. Сега кога делот за мобилни се подели и стана дел од Microsoft, останатиот дел продолжи да работи на софтверски решенија, меѓу кои и најпознатото HERE Maps. Оваа апликација како што и би се очекувало постепено ќе биде достапна за повеќе платформи, а останува достапна и на Windows Phone каде што е меѓу најпопуларните апликации од ваков вид.

Од компанијата оваа недела информираа дека имаат склучено договор за лиценцирање со Samsung со што HERE Maps ќе биде достапна за Android, но во почетокот само за корисниците на Galaxy моделите. Според информациите, апликацијата би требало да биде достапна и за останатите Android корисниците до крајот на годината.

map-downloader

HERE Maps е доста популарна апликација која што е сериозна конкуренција на Google Maps. Една од најголемите функции која што ја има оваа апликација, а и дава и предност пред Google Maps, е можноста за симнување на мапите од државата која што ќе ја изберете, па потоа секое пребарување, навигација и слично, можете да го правите без потреба од интернет конекција. Иако Google Maps доби можност за зачувување на дел од мапата за офлајн користење, сепак тоа не може да се спореди со можноста за симнување на мапите за цела држава.

Можеби оваа можност не е многу корисна за во сопствениот град или држава, посебно кога се работи за мала држава како нашата. Но, кога одите на одмор, сигурно добро ќе ви се најде апликација која што нема да ви троши од роаминг интернет лимитот.

Извор: HERE, Engadget

Претходна статијаMinuum ја прикажа својата тастатура која што ќе биде достапна за iOS 8
Следна статијаПознатиот MSN Messenger целосно престанува со работа на 31-ви Октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.