najdi-mesto-screens

Сигурно сте се нашле во ситуација да не знаете точно каде да излезете кога се договарате со вашето друштво. Можеби се имате решено дека сакате да одите во некој од достапните ресторани, меѓутоа не можете да се одлучите во кој точно да отидете. Секако понегоаш се јавува и потребата да резервирате место каде што ќе одите, а некогаш не ја знаете ни точната локација на местото. Апликацијата која што ќе ви ја претставиме е направена да ви го олесне овој дел од вашиот живот.

Најди место е нова Android апликација која ќе ви помогне при изборот на добро место за излегување во Македонија. Апликацијата вклучува повеќе од 500 локали за излегување низ Македонија, кои што се групирани во категории, како кафулиња, ресторани, гостилници, ноќни клубови и друго. Сите локали од една категорија се подредени по нивниот рејтинг и за секој локал дополнително се прикажуваат иформации за адресата, телефонскиот број, височината на цените, коментар за лакалот, како и каде се наоѓа на мапа.

najdi-mesto-screens-2

За полесно пребарување апликацијата ги нуди опциите „Блиску до мене“ која ги прикажува најдобрите локали кои се во ваша близина, и опцијата „Популарно“ која ги прикажува популарните места во моментот.

Една од поинтересните, а секако корисни функции на апликацијата е посетникот за резервации, во кој можете да поставите локал и време на резервација, по што ќе добиете нотификација, па сигурно нема да заборавите кога и каде треба да одите. Нотификациите можат да бидат наместени да пристигаат половина час, час или два часа пред резервацијата во зависност од вашиот избор.

Апликацијата е достапна во Play Store и е бесплатна за симнување, а можете да ја симнете преку следниот линк.

najdi-mesto-android-qr

Претходна статијаКонцепт на заштитени раскрсници за велосипедистите
Следна статијаNokia го претстави Z Launcher за Android телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.