marko-app-f

Добродојдовте во светот на паметни направи. Светот каде сé се извршува со помош на мобилна апликација. Една од основните апликации која сега е присутна на скоро секој мобилен телефон е асистентот за извршување задачи.

Таква апликација, но малку различна од останатите кои се достапни на пазарот, е МаркО.

МаркО е Твојот Паметен Помошник за Извршување Задачи кој ќе ја разбуди продуктивноста во тебе без никаков додатен труд. МаркО е БЕСПЛАТНА мобилна апликација, достапна за Андроид паметни телефони и паметни часовници.

marko-play-link

Колку пати до сега сте си дошле дома и сте сфатиле дека сте заборавиле да купите леб или да ги платите сметките иако сте поминале покрај продавница или пошта неколку пати во денот? Или уште полошо – сте заборавиле да ја земете вашата малечка сестричка од градинка?

Епа, дами и господа, тие денови се завршени!

МаркО ќе ви помогне да бидете попродуктивни и да ги завршите вашите секојдневни задачи лесно и ефикасно!

МаркО има одлични функционалности и модерен, кориснички интерфејс кој има материјален дизајн!

Најновата верзија има неколку нови функционалности. Додадени се: можноста за изменување на задачата (edit), копче за исклучување на звучните известувања (mute button), 4 нови локализации, и направeни се мали промени во изгледот на картичките со задачи.

МаркО има различен пристап кон менаџментот на задачите. Тој се фокусира на локацијата каде можете да ја завршите задачата, наместо на времето на извршување, бидејќи често нашите планови и распореди ни се менуваат и не сме во можност да ја завршиме задачата во планираниот момент. Тој ве потсетува на вашите задачи на забавен начин со тоа што ви праќа пријателски потсетник на пр. “Еј пријателче, купи кафе!” кога ќе бидете блиску до местото каде можете тоа да го направите.

marko-screens-2

Чекорите се едноставни – прво ја пишувате задачата пр. “купи банани”, потоа го избирате местото каде тоа можете да го направите пр. супермаркет (што значи било кој супермаркет покрај кој поминувате по пат кон дома) или можете да искуцате име на конкретен супермаркет кој го преферирате. МаркО исто така има уште една локациска функционалност – означување на точна локација по сопствен избор. Повеќе не мора да се грижите дали локацијата која ви е потребна се наоѓа на Google Maps, бидејќи сега можете да ја додадете дирекно во МаркО! Доколку пак, по некое време заклучите дека погрешно сте ја внеле задачата, можете да го отворите МаркО и да ја измените. Можете да ја промените самата задача или нејзината локација. Потоа можете да се опуштите и да му го препуштите остантото на МаркО!

МаркО исто така го решава проблемот на правење сé сам со својата функција – споделување на задачите. Тој ги синхронизира вашите телефонски контакти и ги наоѓа оние кои се веќе на МаркО, за може да им испраќате задачи. Тоа значи дека ќе можете да ги споделите задачите со вашите пријатели, семејството и колегите, што ја елиминира потребата да направите нешто и вие откако некој друг го завршил истото.

Друга одлична нова функционалност е можноста да ги исклучите звучните известувања. Доколку сте на деловен состанок, или едноставно сакате да се релаксирате на кафе со пријател, можете да ги исклучите известувањата, и подоцна, повторно да ги вклучите и да ја продолжите продуктивната дружба со МаркО.

marko-mk

Најновата верзија на апликацијата исто така е прилагодена на уште четири јазици. Сега, покрај француски и италијански, можете да го користите МаркО и на германски, француски, руски и македонски. Што значи, доколку јазикот на вашиот телефон е наместен на македонски, и МаркО ќе биде на македонски!

Последно, но не и најмалку важно, е промената во дизјанот на картичките со задачи. Сега тие се малку помали, со што се подробуваа прегледноста. Но, не грижете се, сеуште можете да додавате неограничен број на задачи.

Апликацијата исто така ќе биде развиена и за iOS уреди, и би требало да биде достапна на официјната продавница на Apple – AppStore наскоро!

МаркО е развиен од страна на Codewell, компанија фокусирана на развој на мобилни апликации, од Скопје, Македонија.

Претходна статијаКина е заинтересирана да вади Хелиум-3 од Месечината
Следна статијаАмериканската FCC го редефинира широкопојасниот интернет како пристап со брзини од 25 Mbps, па нагоре