marko-app-f

Паметниот потсетник MarkO веќе се наоѓа на App Store во предпродукциска фаза или ткн. приватна Бета верзија. Оние коишто се заинтересирани за тестирање на апликацијата на своите iPhone-и, истото можат да го направат со испраќање на нивната електронска адреса на feedback@marko.rocks, при што тимот на MarkO ќе им испрати покана за тест. Со зголемувањето на бројот на тестерите, апликацијата за пократок временски период би се појавила во продукциска верзија на App Store. Затоа ајфонџии, пријавете се за тест и бидете меѓу првите што ќе ги дознаат функционалностите на MarkO iOS!

marko-ios-1

Во меѓувреме, во Андроид веризјата на MarkO се воведе помош – мени, достапно во самата апликација, но исто така и на веб-страницата на MarkO – http://marko.helpshift.com/a/marko/

Концепирана е во три категории: најчесто поставувани прашања во коишто можете да дознаете повеќе информации за функционалностите, креирање потсетник и други потребни податоци поврзани со MarkO, поддршка во реално време со што тимот на MarkO е достапен да одговори на вашите барања 24/7, како и можност повторно да го пуштите туторијалот доколку сакате да дознаете повеќе за функционалностите..

google-play-badge-1

Меѓудругото, MarkO со новата опција „Summary“, ги прикажува прегледно и селектирано потсетниците што можат да се завршат на некоја локција. Со самото добивање на известување дека повеќе потсетници можат да се завршат на одредена локација и со кликање на истото, се отвора нова картичка само со селектираните задачи што можете да ги завршите на конкретната локација.

marko-summary

Претходна статијаВоеното воздухопловство на САД наскоро ќе употребува и ласери
Следна статијаMicrosoft Office 2016 од денеска достапен за корисниците